= Студија на извeдливост Оваа студија на извeдливост е направена според SSADM методологија.\\ Студија на извeдливост се прави за да се утврди дали одреден план ќе ги исполни нашите очекувања и дали е економски исплатлив. Студијата на извeдливост треба да помогне да се одлучи дали да се продолжи напред со предложениот проект. === 1. Економска(финансиска) извeдливост Во оваа анализа, во предвид земаме две опции: развивање на нов софтвер и кастомизација на избраниот систем Odoo. Резултат: ||= =||= Наш систем =||= Odoo =|| ||Изработка и имплементација|| 75000 || 0 || ||Претплата|| 0 || 800 || ||Лиценца|| 0 || 0 || ||Веб сервер || 600 || 3 000 || ||База на податоци|| 0 || 0 || ||Одржување|| 6000 || 10000(200 саати)|| || Вкупно || 81600 || 13800 || **Изработка и имплементација**\\ Да претпоставиме дека се испланирани 6 програмери со просечна месечна плата од 1500 евра, за изработка во времетраење од 6 месеци, тоа се вкупно 54000 евра.\\ Плус, за тие 6 месеци, имаме ангажирано еден проект менаџер со плата од 1000 евра месечно, што вкупно изнесуваат 6000 евра.\\ Вкупната сума е 60000 евра.\\ На вкупната сума се додадени и други екстра трошоци како изнајмување на простор, опрема итн. За се тоа се издвоени уште 15000 евра. **Лиценца**\\ Во двата случаи, лиценцата е бесплатна. **Одржување**\\ Да претпоставиме дека за одржување за првите 6 месеци ќе ни биде потребен еден вработен со просечна месечна плата од 1000 евра.\\ **Пресметка за следните години** ||= Период =||= Нов систем =||= Odoo =|| || 1 година || 81600 || 13800 || || 3 години || 81600 + 25200 = 106800 || 13800 + 27600 = 41400 || || 6 години || 106800 + 19800 = 126600 || 41400 + 18250 = 59650 || || 9 години || 126600 + 19800 = 146400 || 59650 + 15700 = 75350 || Нов систем: - 3 години - трошоците од првата година(81600) + следните 2 години -> 24м * 1000 = 24000 - еден вработен за одржување со плата 1000 евра, \\ 2г * 600 = 1200 - хостирање по 600 евра годишно - 6 години - трошоците од првите три години + следните 3 години -> еден вработен за одржување, со пола работно време (36м*500=18000), плус хостирање по 600 евра (1800).\\ Odoo: - 3 години - трошоците од првата година (13800) + следните 2 години -> \\ 2 * 10000 = 20000 - одржување, \\ 2 * 3000 = 6000 - хостирање, \\ 2 * 800 = 1600 - претплата\\ - 6 години - трошоците од првите три години + следните 3 години -> за одржување ќе земеме пакет со памалку саати без кастомизации, останатото е исто:\\ 3 * 2550 = 7650 - одржување\\ 3 * 800 = 1600 - претплата \\ 3 * 3000 = 9000 - хостирање\\ - 9 години - трошоците од првите 6 години + претплата и хостирање за новите три години (10600) + basic пакет за одржување (3*1700=5100)\\ === 2. Техничка извeдливост Ако анализата на техничка изведливост значи анализа на технички ресурси и способноста на тимот да ја претвори идејата во реален систем, тогаш тоа значи дека проектот е комплетно изведлив и од двата аспекти. \\ Во проектот имаме издвоено средства да се снабдиме со потребниот хардвер и софтвер, а исто имаме одередено плата за работа на солидни инженери кои ќе имаат познавање од вакви системи и искуство со технологиите со кои ќе се работи.\\ === 3. Операциона извeдливост Во оваа анализа го разгледуваме прашањето дали системот ќе биде прифатен од двете страни. Односно, дали ќе бидат исполнети бизнис побарувањата од системот и потребите на корисниците.\\ Двете засегнати страни се корисник на Гринери и вработен кој ги менаџира овие односи и пријавени прашања/проблеми. И кај двете страни сметам дека нема да се појави никаков проблем во користењето на апликацијата, воопшто. По извршената обука кај вработените, не би требало да се наиде на нејаснотии и отпор во користењето на апликацијата од нивна страна. \\ А што се однесува на корисниците на Гринери (клиенти), сметам дека тие веќе имаат многу искуство со ваквите системи денес, така што непреченото користење важи и за нив.\\ === 4. Временска извeдливост Во однос на времeнската извeдливост, тука се базираме на RUP развојниот процес, како и што е опишано во претходната задача. **Иницијализација** ''Итерација 1''\\ Времетраење: 10 дена\\ Подактивности: - клиентот ги образложува своите барања - креирање на визија - креирање на првични кориснички случаи ''Итерација 2''\\ Времетраење: 10 дена\\ Подактивности: - презентација на визијата и корисничките случаи - прецизирање на визијата и корисничките случаи - определување на можни ризици **Елаборација** ''Итерација 1''\\ Времетраење: 10 дена\\ Подактивности: - прелиминарна архитектура на системот - use case модел - UML дијаграми ''Итерација 2''\\ Времетраење: 10 дена\\ Подактивности: - се креира прв прототип на архитектура ''Итерација 3''\\ Времетраење: 10 дена\\ Подактивности: - прецизни UML дијаграми ''Итерација 4''\\ Времетраење: 10 дена\\ Подактивности: - финален архитектурен прототип **Конструкција** ''Итерација 1''\\ Времетраење: 70 дена \\ Подактивности: - се дизајнираат и имплементираат use case-и - се интегрираат во системот ''Итерација 2''\\ Времетраење: 40 дена\\ Подактивности: - тестирање на корисничките случаи - изработка на документацијаа - план за транзиција **Транзиција** ''Итерација 1''\\ Времетраење: 15 дена\\ Подактивности: - транзиција на системот - обука на вработените **Вкупно траење:** 185 дена ~ 6 месеци