| 1 | = Методски техники и алатки |
| 2 | |
| 3 | Една од техниките што ги дефинира RUP процесот, а што и ние би ја користеле во процесот на реализација на проектот е визуелната репрезентација на сценаријата.\\ |
| 4 | Корисничките барања се опишуваат со текст, но за појасна слика на барањата се користат и дијаграми. За визуелно претставување на use-case-ите, RUP го дефинира UML јазикот.\\ |
| 5 | Притоа се користат use case дијаграми(behavioral), класни дијаграми(structural), секвенцни дијаграми(interaction) и други, за да се претстават главните компоненти, корисници и нивните интеракции.\\ |
| 6 | |
| 7 | === Карактеристики на UML |
| 8 | |
| 9 | - UML користи графички симболи за елементите на системот што се моделира, |
| 10 | - UML дијаграмите се доволно едноставни за разбирање; |
| 11 | - UML овозможува да се опишат системите од скоро секоја можна гледна точка, имајќи предвид различни аспекти; |
| 12 | - UML е ориентиран кон објектите: неговите методи за анализа и конструкција се семантички блиски на методите за програмирање што се користат во современите јазици на ООП; |
| 13 | - UML е отворен стандард. Стандардот се развива и еволуира од верзија во верзија, исполнувајќи ги најмодерните барања за опис на системите; |
| 14 | содржи механизам за проширување што овозможува воведување на дополнителни типови на текст и графика. |
| 15 | |
| 16 | UML (Unified Modeling Language), стандарден јазик кој најчесто се користи за креирање на објектно-ориентирани модели и професионална документација како неопходен дел од процесот на развој, за било кој софтверски систем.\\ |
| 17 | Ни овозможува да креираме и да опишеме јасни и детални модели кои го објаснуваат работењето на системот и кои модели ќе бидат разбрани без многу тешкотии. |
| 18 | |
| 19 | Треба да се нагласи дека UML е јазик, а не метод. Објаснува од кои елементи да се креираат модели и како да се читаат, но не пишува ништо за тоа кои модели и кога треба да се развиваат. За да се создаде метод заснован на UML, потребно е да се надополни со опис на процесот на развој на софтвер. Пример за таков процес е RUP. |
| 20 | |
| 21 | === Алатки за креирање UML дијаграми |
| 22 | |
| 23 | И покрај едноставноста на UML дијаграмите, би било можеби покомплицирано да се следи целиот процес доколку не се користи софтверска алатка за вистинско визуелно моделирање. Алатките ни овозможуваат брзо да се видат, објаснат, да се презентираат и документираат дијаграмите. |
| 24 | Достапни се многу алатки за моделирање на UML: Modelio, IBM Rose, MagicDraw, ArgoUML, StarUML, PowerDesigner и многу други. |
| 25 | |
| 26 | **Во нашиот процес на развој ние би го користиле Моделио.** |