wiki:Критериуми за избор на решение

Version 8 (modified by 115044, 4 years ago) ( diff )

--

Критериуми за избор на решение

КритериумНаш системShopurfood
Acceptability 2 4
Availability 4 5
Cohesiveness 4 5
Compatibility 1 ?
Documentation 2 5
Ease of learning 3 4
Economy 3 3
Effectiveness 5 5
Efficiency 5 5
Fast development rate 2 2
Flexibility 3 4
Functionality 3 5
Implementability 1 ?
Low coupling 4 5
Maintainability 4 ?
Portability 1 ?
Reliability 5 4
Robustness 3 5
Security 5 5
Simplicity 4 4
Testability 2 4
Timeliness 3 3
Visibility 1 ?


Најважните критериуми се: effectiveness, efficiency, low coupling, cohesiveness, maintainability, availability, reliability, security и simplicity и добија оценка 4 односно 5 бидејќи сите овие критериуми се директно поврзани со крајниот корисник и неговото искуство во процесот на нарачката.
Системот треба да има највисоки EFFECTIVENESS и EFFICIENCY за најголема сатисфакција кај корисникот од искористеноста на системот. Односно, да биде системот ефективен и ефикасен значи да добиеме квалитетна услуга од системот.
LOW COUPLING често значи дека имаме добро структуриран компјутерски систем, добар дизајн кој во комбинација со висока COHESIVENESS доведуваат и до исполнување на целта за високо MAINTAINABILITY.

Сметам дека како систем кој всушност треба да му олесни на корисникот, потребно е да бидат исполнети сите критериуми кои го олеснуваат процесот на нарачка. Секоја компликација или недоволна посветеност на горе наведените критериуми, ќе доведе до усложнето искуство кај корисникот, а тоа не е во прилог на самиот систем и бизнисот сам по себе.

Најмалку важните критериуми се: compatibility, implementability, portability, visibility, testability, acceptability, fast development rate и documentation и добија оценка 2 односно 1 бидејќи во случајот на нашиот систем кој ќе биде достапен онлајн, наведените критериуми немаат особено влијание, не треба да се инсталира на различни хардвери, па затоа и имаат ниски оцени.

Критериумите кои добија оценка 3 се: ease of learning, economy, flexibility, functionality, robustness, timeliness.
Со зголемување на FLEXIBILITY на системот, се зголемува и комплексноста, што не води кон висок simplicity (и кога станува збор за софтверот и за оперативно користење на апликацијата), а тоа не е во наша полза кога станува збор за систем со многу крајни корисници.
Што се однесува на TIMELINESS, сметам дека кога се нуди добра услуга преку систем кој ги задоволува критериумите кои се тесно поврзани со крајните корисници, пазарот никогаш нема да биде преполн за таквиот тип на услуга. Луѓето генерално ја сакаат добрата услуга, така што ќе биде препознаена дури и да не е прва на пазарот. Секогаш има место за понуда на добар квалитет.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.