Version 2 (modified by 7 days ago) ( diff ) | ,
---|
GRIT
Членови на тимот
- Филип Настовски 221550
Краток опис на проектот
GRIT е десктоп апликација која служи за управување со инвентар, клиенти, поправки, делови и издавање на фактури и фискални сметки. Целта на апликацијата е да им помогне на мото сервиси и други механичарски работилници со едноставно и ефикасно менаџирање на нивното секојдневно работење. Апликацијата обезбедува лесен пристап до сите потребни информации за клиентите, возилата и услугите, како и автоматизирано генерирање документи, што значително ја подобрува продуктивноста.
Детален опис на проектот
- За кого е наменет проектот и кој ќе биде одговорен за негово користење?
Апликацијата е наменета за мали и средни моторциклистички сервиси, но може да се адаптира за работа во било кој вид механичарски работилници. Корисниците на апликацијата ќе бидат сопствениците и вработените во сервисите, кои ќе имаат целосен преглед и контрола врз податоците за клиентите, услугите, поправките и деловите.
- Какви проблеми решава проектот?
Со помош на GRIT, работилниците ќе можат да ја подобрат организацијата на нивното работење, да го олеснат следењето на клиентите и возилата, како и да го автоматизираат процесот на генерирање фактури и фискални сметки. Дополнително, се решаваат проблемите со рачното водење на евиденција и се елиминираат грешките кои можат да настанат во процесот на управување.
- Какви типови корисници ќе има апликацијата?
Апликацијата ќе биде користена од механичари, сопственици на сервиси и административен персонал, кои ќе имаат различни пристапи до податоците и функционалностите на системот според нивните потреби.
- Кои типови податоци се складираат?
Системот ќе зачувува информации за клиентите, моторциклите, деловите, поправките, услугите и издадените фактури и фискални сметки. Секој клиент може да има повеќе моторцикли и комплетна евиденција за нивните поправки и извршени услуги.
- Дали е потребна најавa за користење на апликацијата?
Апликацијата е дизајнирана да биде едноставна и лесна за користење, па затоа не бара најавување од корисниците.
- Дали постојат слични решенија и во што е различен вашиот проект?
Иако постојат други софтверски решенија за управување со сервиси, Moto Service Manager е специјално дизајниран за македонскиот пазар, со поддршка за локални фискални печатари и можност за печатење на стандардни фактури. Дополнително, апликацијата е едноставна за употреба и оптимизирана за мали сервиси, со можност за проширување на повеќе локации со централизирана база.
- Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Се работи за десктоп апликација која работи локално на една машина.
- Какви се идните планови за проширување на проектот?
Во иднина, планирано е да се воведат нови функционалности, како интеграција на баркод читачи за полесно управување со инвентарот и поддршка за повеќе точки на продажба (POC терминали) за централизирано управување.