Version 2 (modified by 7 years ago) ( diff ) | ,
---|
Забелешки од првата средба на 17.10.2017
MODELIO - препорачан софтвер за правење дијаграми (др опција е IBM Rational Architecture)
Во наредните две недели:
- Да се напише визија за проектот, Eclipse guidance templates има Vision template;
- Да ги поставиме документите од домашните на wiki кои вклучуваат актери (сите видови корисници на нашиот систем) и кориснички сценарија (use case дијаграми), но за почеток може само drafts од нив на хартија да нацртаме и после ревизијата на компјутер. Потребно е да се разгледа кои работи веќе ги имаме и што ново ќе додадеме.
- Да се прочитаат главите за архитектура и да се разгледа кои од нив би ни користеле нам.
Откако ќе се најавиме на develop.finki.ukim.mk/svr/hsm:
- Во Рreferences да се смени име
- CamelCase во WikiFormatting
Да се симне subversion client и потоа:
- Во IDE како plug in може да го симнеме, потоа ќе внесеме URL и ќе се конектираме;
- Прво се прави check out на цело repository и сѐ ќе се симне;
- Се прават фолдери, фајлови и после само update и commit.
За develop:
- За да нема конфликти да се прават View tickets за секоја задача и таму може да има реплики, да се поставуваат рокови и да се дискутира како треба да се направи задачата. На крај треба да се пише дека тикетот е затворен и да се затвори.
- Во Admin -> Components може да се менуваат string-ови.
За нултата задача (визијата), да се обрне внимание на следниве делови:
1.1. Категорија на решението, што е причина за проектот, во што сме подобри од конкуренцијата...
1.2. Дискусија на проблемот: што е за кого;
2.2. Problem statement: кои корисници какви проблеми имаат (positioning target customer);
3.1. Треба да се вклучи опис на конкурентни производи;
3.2. Опис на сите учесници (stakeholders): да се напишат одговорностите на секој stakeholder, пр. информации за подобрување на средства, за кого би се подобрило нешто или би се влошило...
3.3. Users summary: кој од тие stakeholders е реален корисник во системот и која е неговата функција за системот;
3.4. User environment: каде работат тие корисници, што некој stakeholder ќе ни даде (некој документ);
3.7. Key stakeholder: клучни потреби кои се, кои луѓе...
4.* Решение за задоволување на потребите: тука спаѓа и опис на постоечкиот софтвер (која била замислата тогаш, а кои се новите потреби, функционалности и корисници -> нова визија), врски меѓу потреби и функционалности (пр. за тоа и тоа има таква и таква функционалност - модул), всушност од тука произлегуваат use cases од кои потоа произлегува програмирањето use case по use case, бидејќи сѐ правиме за тие конкретни проблеми.