| Version 2 (modified by , 5 days ago) ( diff ) |
|---|
Краток опис на проектот
iCare е веб апликација наменета за лица со ментални потешкотии како што се анксиозност, депресија, АДХД, биполарно растројство или луѓе кои едноставно сакаат редовно да го следат емоционалното здравје. Апликацијата овозможува корисникот секојдневно да го бележува своето расположение, да поставува цели за ментално здравје и да гледа визуелни графици за напредок или да закажува разговор со стручни лица. Целта е да им помогне на корисниците подобро да ги разберат своите емоции, преку едноставен интерфејс и поддршка во форма на дневник.
Детален опис на проектот
- За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?
Проектот е наменет за лица со ментални потешкотии или лица кои едноставно сакаат да го следат своето расположение, односно емоционалното здравје.
- Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
Овој проект ќе им го олесни следењето на расположението на корисниците и ќе им овозможи лесен пристап до психолози, како и споделување искуства со други корисници кои се соочуваат со истите проблеми. Исто така, нуди опција за водење дигитален дневник кој потоа ни сумаризира информации и ни ги дава како графови со напредок кои сме го оствариле на дневно, неделно, месечно или годишно ниво.
- Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
Апликацијата ќе има 2 вида корисници:
- Корисници со целосни привилегии: Пациенти (User)
- Корисници со ограничени привилегии: Психолози, психијатри (Therapist)
- Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект
Додека постојат слични системи, проектот е со едноставен интерфејс и работи локално. Ќе вклучува форум преку кои корисниците ќе пишуваат влогови и ќе има можност за меѓусебна комуникација и споделување на искуства што не е достапно секогаш во други решенија.
- Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Се работи за веб апликација.
