== Модел на случаи на употреба === Актери / Улоги * '''Посетител''' - лице кое пристапува до системот без да биде најавено, било затоа што сè уште нема сметка или затоа што не се најавило. * [wiki:UseCase001 UC001] - Најава во системот - Посетителот се автентицира со е-пошта и лозинка и добива пристапен токен. * [wiki:UseCase002 UC002] - Регистрација на студент - Посетителот отвора нова студентска сметка со лични, контакт и средношколски податоци. * '''Студент''' - најавен корисник кој ги следи своите студии: ги прегледува своите семестри, предмети и оценки, запишува нов семестар и подига документи. * [wiki:UseCase003 UC003] - Приказ на личен профил - Студентот ги прегледува своите лични, контакт и матични податоци. * [wiki:UseCase004 UC004] - Приказ на запишани семестри - Студентот ја прегледува историјата на сите свои запишани семестри. * [wiki:UseCase005 UC005] - Приказ на предмети по семестар - Студентот ги прегледува предметите од избран запишан семестар заедно со професорот и потписот. * [wiki:UseCase006 UC006] - Приказ на положени предмети - Студентот го прегледува своето уверение за положени испити со оценки, кредити и просек. * [wiki:UseCase007 UC007] - Запишување на семестар - Студентот запишува нов семестар и избира точно пет предмети од својата студиска програма. * [wiki:UseCase008 UC008] - Генерирање и преземање на документ - Студентот бара документ (уверение, потврда) и го презема како PDF. * '''Професор''' - најавен корисник кој предава предмети и ги оценува студентите запишани на тие предмети. * [wiki:UseCase009 UC009] - Приказ на студенти по предмет - Професорот ги прегледува студентите запишани на предметите кои ги предава и нивните тековни оценки. * [wiki:UseCase010 UC010] - Внесување на оценка - Професорот внесува оценка за студент на предмет кој самиот го предава. * [wiki:UseCase011 UC011] - Менување и бришење на оценка - Професорот менува претходно внесена оценка или ја брише доколку е внесена погрешно. * '''Администратор''' - најавен корисник кој управува со академската структура: предмети, студиски програми, активни семестри и распоредување на професори. * [wiki:UseCase012 UC012] - Управување со предмети - Администраторот додава, менува и брише предмети и нивните кредити и предуслови. * [wiki:UseCase013 UC013] - Отворање на активен семестар - Администраторот отвора нов активен семестар во кој студентите можат да се запишат. * [wiki:UseCase014 UC014] - Распоредување на професори по предмети - Администраторот определува кој професор кој предмет го предава во кој активен семестар. === Детално разработени случаи на употреба Тимот има двајца членови, па се разработени шест случаи на употреба, по три за секој член, при што секој член има најмалку еден случај со сценарио кое ја менува базата. * '''Член 1''' * [wiki:UseCase002 UC002] - Регистрација на студент ''(запис во базата)'' * [wiki:UseCase004 UC004] - Приказ на запишани семестри * [wiki:UseCase007 UC007] - Запишување на семестар ''(запис во базата)'' * '''Член 2''' * [wiki:UseCase006 UC006] - Приказ на положени предмети * [wiki:UseCase009 UC009] - Приказ на студенти по предмет * [wiki:UseCase010 UC010] - Внесување на оценка ''(запис во базата)'' Сите SQL наредби во разработените сценарија се тестирани врз шемата project во доделената проектна база. === Користење на вештачка интелигенција [wiki:UseCaseModelAIUsage UseCaseModelAIUsage] === Историјат '''Верзија 1''' - Почетна верзија со листа на актери и случаи на употреба. '''Верзија 2''' * Актерите се преименувани и сведени на улоги кои произлегуваат од работата која се извршува: воведен е актерот Посетител наместо Ненајавен корисник и Нерегистриран корисник, кои се преклопуваа. * Отстранет е актерот Најавен корисник, бидејќи претставуваше општа улога која ги опфаќаше сите останати улоги. * Случаите на употреба се групирани под актерот кој ги иницира и е додаден краток опис за секој случај. * Отстранет е случајот Пријавување на испит, бидејќи во релациониот модел не постои табела која чува пријави на испити. * Додаден е случајот UC007 Запишување на семестар, кој одговара на реалната функционалност на апликацијата. * Додадени се случаите UC012, UC013 и UC014, за да актерот Администратор има случаи на употреба кои ги иницира. * Деталните сценарија се преместени на страниците на самите случаи на употреба, наместо на посебни страници со наставка withSQL. === Статус ''' [[span(style=color: #FF8000, Во тек )]] '''