wiki:UseCaseModel

Version 2 (modified by 233149, 13 days ago) ( diff )

--

Модел на случаи на употреба

Актери / Улоги

  • Посетител - лице кое пристапува до системот без да биде најавено, било затоа што сè уште нема сметка или затоа што не се најавило.
    • UC001 - Најава во системот - Посетителот се автентицира со е-пошта и лозинка и добива пристапен токен.
    • UC002 - Регистрација на студент - Посетителот отвора нова студентска сметка со лични, контакт и средношколски податоци.
  • Студент - најавен корисник кој ги следи своите студии: ги прегледува своите семестри, предмети и оценки, запишува нов семестар и подига документи.
    • UC003 - Приказ на личен профил - Студентот ги прегледува своите лични, контакт и матични податоци.
    • UC004 - Приказ на запишани семестри - Студентот ја прегледува историјата на сите свои запишани семестри.
    • UC005 - Приказ на предмети по семестар - Студентот ги прегледува предметите од избран запишан семестар заедно со професорот и потписот.
    • UC006 - Приказ на положени предмети - Студентот го прегледува своето уверение за положени испити со оценки, кредити и просек.
    • UC007 - Запишување на семестар - Студентот запишува нов семестар и избира точно пет предмети од својата студиска програма.
    • UC008 - Генерирање и преземање на документ - Студентот бара документ (уверение, потврда) и го презема како PDF.
  • Професор - најавен корисник кој предава предмети и ги оценува студентите запишани на тие предмети.
    • UC009 - Приказ на студенти по предмет - Професорот ги прегледува студентите запишани на предметите кои ги предава и нивните тековни оценки.
    • UC010 - Внесување на оценка - Професорот внесува оценка за студент на предмет кој самиот го предава.
    • UC011 - Менување и бришење на оценка - Професорот менува претходно внесена оценка или ја брише доколку е внесена погрешно.
  • Администратор - најавен корисник кој управува со академската структура: предмети, студиски програми, активни семестри и распоредување на професори.
    • UC012 - Управување со предмети - Администраторот додава, менува и брише предмети и нивните кредити и предуслови.
    • UC013 - Отворање на активен семестар - Администраторот отвора нов активен семестар во кој студентите можат да се запишат.
    • UC014 - Распоредување на професори по предмети - Администраторот определува кој професор кој предмет го предава во кој активен семестар.

Дијаграм на случаи на употреба

No image "use_case_diagram.png" attached to UseCaseModel

Детално разработени случаи на употреба

Тимот има двајца членови, па се разработени шест случаи на употреба, по три за секој член, при што секој член има најмалку еден случај со сценарио кое ја менува базата.

  • Член 1
    • UC002 - Регистрација на студент (запис во базата)
    • UC004 - Приказ на запишани семестри
    • UC007 - Запишување на семестар (запис во базата)
  • Член 2
    • UC006 - Приказ на положени предмети
    • UC009 - Приказ на студенти по предмет
    • UC010 - Внесување на оценка (запис во базата)

Сите SQL наредби во разработените сценарија се тестирани врз шемата project во доделената проектна база.

Користење на вештачка интелигенција

UseCaseModelAIUsage

Историјат

Верзија 1 - Почетна верзија со листа на актери и случаи на употреба.

Верзија 2

  • Актерите се преименувани и сведени на улоги кои произлегуваат од работата која се извршува: воведен е актерот Посетител наместо Ненајавен корисник и Нерегистриран корисник, кои се преклопуваа.
  • Отстранет е актерот Најавен корисник, бидејќи претставуваше општа улога која ги опфаќаше сите останати улоги.
  • Случаите на употреба се групирани под актерот кој ги иницира и е додаден краток опис за секој случај.
  • Отстранет е случајот Пријавување на испит, бидејќи во релациониот модел не постои табела која чува пријави на испити.
  • Додаден е случајот UC007 Запишување на семестар, кој одговара на реалната функционалност на апликацијата.
  • Додадени се случаите UC012, UC013 и UC014, за да актерот Администратор има случаи на употреба кои ги иницира.
  • Деталните сценарија се преместени на страниците на самите случаи на употреба, наместо на посебни страници со наставка withSQL.

Статус

Во тек

Note: See TracWiki for help on using the wiki.