[wiki:WikiStart Почетна] >> [wiki:Визија Визија] >> [wiki:Вовед Вовед] = Вовед Овој документ има за цел да ги собере и анализира потребите на Информацискиот систем за управување со патишта. Фокусот се става на потребите на засегнатите страни и корисниците и зошто е потребен еден ваков систем. == 1.1 Цел Целта на овој документ е да даде почетни информации за ИСУП, да го дефинира опсегот на проблеми кои ќе ги решава, да ги одреди засегнатите страни и корисници и да даде дополнителни информации за тоа што се очекува од предложениот информациски систем. == 1.2 Опсег Овој документ ги опфаќа постојните проблеми со патиштата низ државата и како овој информациски систем ќе придонесе за нивно решавање. Во овој момент не постои никаков систем кој ги собира информациите за состојбите на патиштата, а во овој документ ќе се обидеме да дадеме детален опис на идеја за информациски систем кој ќе помогне да се подобри моменталната ситуација. == 1.3 Дефиниции, акроними и скратеници * Менаџери - Лица на повисока функција со моќ на донесување важни одлуки * Вработени - Лица кои се вработени во претпријатието кое управува со патиштата и извршуваат секојдневни работи * Механизација - Машини и возила кои се во сопственост на претпријатието * **ИС** - **И**нформациски **С**истем * **ИСУП** - **И**нформациски **С**истем за **У**правување со **П**атишта * Проблем на пат - Секоја состојба на патен правец која е потенцијална опасност за безбедноста на учесниците во сообраќајот (оштетен коловоз, одрони, замрзнат дел од коловоз, сообраќајни незгоди и сл.) == 1.4 Референци * http://www.makedonijapat.com.mk/ * https://www.amsm.com.mk/ * https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.amsm.amsm_ == 1.5 Преглед Во останатиот дел од овој документ за визија се анализираат постоечките проблеми, се идентификуваат засегнатите страни и корисниците на системот и се даваат предлози за делови од системот кои треба да адресираат конкретни проблеми