[wiki:WikiStart Почетна] >> [wiki:МДзадача1 Задача 1] == Задача 1 === 1.1. Дефинирање на проект За реализација на некои од главните случаи на употреба, системот за управување со патишта има потреба од софтверски модул со функционалност за управување со човечки ресурси. Ваквиот модул, покрај дефинираните случаи на употреба на ИСУП, ќе ги покрие и неопходните HR (human resources) функции на претпријатието. Воглавно, системот ќе се користи за: - Складирање на податоци за вработените - листа на вработени со нивни лични податоци, работни позиции, овластувања и сл.; - Управување со платни и надоместоци- список на вработени и нивни приходи; - Водење евиденција за време и присуство на работно место - определување број на работни часа и смени на вработените; - Распределба на работници за решавање на проблеми на патиштата - соодветна распределба на тимови за остварување на поголема ефективност и ефикасност; - одржување на добар однос или подобрување на односите помеѓу вработените. Поврзувањето на овој модулот за управување со човечки ресурси на иста база на податоци со модулите за финансии, CRM и други, градат целосен ERP систем кој ќе ги задоволи сите потреби и ќе овозможува поедноставно споделување на информации помеѓу различните оддели како и подобрена комуникација. === 1.2. Готови софтверски алтернативи Постојат голем број на готови системи за управување со човечки ресурси за најразличен вид на компании (мали, средни и големи). Во продолжение издвоив некои од решенијата кои скоро во целост ги исполнуваат потребите на овој проект. - **ADP Workforce Now** е веб-базиран систем за управување со човечки ресурси создаден за средни компании. Решението ги собира и автоматизира сите човечки процеси на компанијата на еден извештај. Со него лесно може да се креираат додатни кориснички дозволи за вработените за да се справат со повеќе HR-функции. Апликацијата исто така помага за управување со надоместоците и празниците на вработените и правење на извештаи. ADP Workforce Now нуди корисни функции за човечки ресурси, како што се време и присутност на работно место, управување со таленти, управување со плати и надоместоци. Исто така, обезбедува волшебник за креирање на план за придобивки кој може да се конфигурира според процесите на компанијата. COBRA настаните во системот може да ги праќаат известувања до вработените и другите корисници да ги исполнат квалификациските барања за настанот под COBRA. - **BambooHR** важи за една од врвните апликации во категоријата системи за управување со човечки ресурси врз основа на нејзините моќни карактеристики понудени со конкурентна цена. Во прилог на одличните карактеристики, компанијата нуди флексибилни ценовни планови кои би одговарале на секој буџет и потреба. BambooHR е он-лајн софтверски систем за човечки ресурси дизајниран за мали и средни претпријатија. Апликацијата им овозможува на корисниците непречен премин од табеларни пресметки до информациски систем за човечки ресурси (HRIS) кој ќе ги задоволи повеќето од нивните бизнис потреби. Може да се користи за собирање и прикажување на сите информации за вработените на едно место. Корисниците можат брзо да ги најдат потребните податоци и веднаш да преземат акција за истите. Лесно се пренесуваат податоците и се генерираат интуитивни извештаи. Да се сумира, BambooHR е лесен за употреба HR систем кој брзо се прилагодува на бизнис потребите и нуди врвни функционалности. - **Kronos Workforce Ready** е HR платформа која ги комбинира управувањето со работната сила со способностите за управување со човечкиот капитал (HCM) и е погодна за бизниси од сите големини. Kronos Workforce Ready е cloud-базирано решение кое вклучува регрутирање, управување со перформанси, планирање на компензација, време и присуство, распоред, управување со отсуството, платен список и многу повеќе. Сите податоци за вработените се одржуваат во единствена база на податоци, со еден кориснички интерфејс за повлекување на извештаи и започнување на работните процеси низ организацијата. Податоците се ажурираат во реално време, така што менаџерите можат да донесуваат одлуки врз основа на најновите, најточни информации. Достапна е и мобилна апликација. Секое од овие понудени решенија е комерцијално, но сите овозможуваат демо верзија или limited free trial за проба. Цените не се точно определени, односно зависат од типот на организацијата. Достапни се на сите платформи - Mac, Widows и Linux. === 1.3. Избор на софтверска алтернатива Како најсоодветен систем за употреба според потребите го избрав ADP Workforce Now. (Имам испратено request и чекам одговор за дозвола за демо верзија).