[wiki:WikiStart Почетна] >> [wiki:МДзадача4 Задача 4] == Задача 4 - Техники во рамките на процесот Развојниот процес RUP кој го избрав за развој на HR системот е базиран на UML што претставува нотациски јазик за специфицирање и визуелизација на артефактите на софтверските системи. За визуелната репрезентација, UML користи дијаграми од кои за RUP е најзначаен use case дијаграмот, па според тоа, RUP покрај тоа што е итеративен/инкрементален приод, важи за use-case-driven. Фундаменталните барања за системите се изразуваат преку use case-ови кои можат да бидат опишани со текст или со дијаграм со кој често се добива појасна слика за тоа што точно е наведено во барањето. **Use case:** - развој на систем базиран на тоа како истиот ќе се користи - единствена интеракција помеѓу корисникот и системот што има практично значење - врска што ги поврзува барањата до имплементацијата - почеток на моделирањето - константен потсетник на развивачите на софтверот дека важни се само барањата на корисниците За успешна реализација на процесот, сметам дека е важен и **итеративниот и инкрементален** пристап. Некои предности на овој пристап се: - проблемот станува поразбирлив и појасен после неколку последователни итерации - се задоволуваат променливите барања - ризиците најчесто се откриваат за време на раните интеграции - може да се пронајдат и да се исправат некои грешки после неколку итерации - реупотребата е олеснета - членовите на тимот учат за време на процесот - самиот развоен процес се подобрува