= Визија = == 1. Вовед == Целта на нашата апликација е да создаде специјализирана e-commerce платформа која ќе ги обедини македонските производители и трговци на едно место, со фокус на локалниот пазар. Апликацијата Kupi.mk има за цел да го поттикне растот на домашното претприемништво преку промоција и продажба на домашни производи, како и да го олесни пристапот на македонските купувачи до локални брендови. Преку интуитивен интерфејс, систем за категории и пребарување, безбедно плаќање и можност за кориснички мислења и оценки, платформата ќе создаде силна врска помеѓу локалните продавачи и потрошувачите во Северна Македонија. == 2. Позиционирање == === 2.1 Дефиницја на проблем === ||= Тема на проблем =|| Домашните производители и трговци во Северна Македонија немаат централна онлајн платформа каде што можат да ги претстават и продаваат своите производи, па затоа тие користат социјални мрежи, а тоа предизвикува потешка достапност од страна на потрошувачите. || ||= Кого засега =|| Домашните мали и средни претпријатија, локални занаетчии и трговци, како и самите купувачи. || ||= Со последици како =||Недоволна изложеност на пазарот, слаба промоција и продажба на домашни производи, зависност од странски платформи, отежнат пристап на купувачите до локални брендови, и помала поддршка за домашната економија. || ||= Успешно решение би било =|| Веб апликација која би го поттикнала народот да купува македонски производи преку централизирана e-commerce платформа каде што сите домашни производители и трговци ќе можат да ги изложат и продаваат своите производи, со што ќе се олесни поврзаноста меѓу купувачите и локалните бизниси || === 2.2 Позиција на пазарот === ||= За =|| Купувачи во Северна Македонија и домашни производители/трговци || ||= Кои =|| Имаат потреба од едноставна и сигурна платформа за купување/продавање македонски производи || ||= FINKI-Ranked =|| Е веб апликација за онлајн купување и продажба со поддршка на локални бизниси || ||= За разлика од =|| Неструктурирана продажба преку различни социјални мрежи и зависност од странски платформи. Плаќањето е преку договор по приватна порака, а не преку безбеден онлајн систем. Купувачот не знае точно дали производот е достапен, колку чини доставата, или кога ќе стигне.|| ||= Нашиот продукт =|| Обезбедува централизирано, достапно и безбедно онлајн место за македонското производство и локалната економија || == 3. Опис на засегнатите лица == === 3.1 Преглед === ||= Име =||= Опис =||= Одговорности =|| || Купувач || Корисник кој ја користи платформата за купување македонски производи || Пребарување, избор и нарачка на производи || || Продавач || Домашен производител или трговец кој ги изложува своите производи на платформата || Управување со продуктите, обработка на нарачки || || Администратор || Одговорен за одржување и модерација на платформата || Одобрување на производи, следење на кориснички активности, техничка поддршка || === 3.2 Корисничка околина === Веб апликација со едноставен интерфејс. Корисниците ќе можат да пристапат до платформата преку било кој уред со достапост до интернет и веб прелистувач како единствени ограничувања. == 4. Преглед на производот == === 4.1 Барања === ||= Потреба =||= Приоритет =||= Карактеристики =|| || Регистрација и најава || Висок || Корисниците можат да креираат профил и да се најавуваат преку email || || Преглед на производи || Висок || Приказ на производи според категории, филтри и пребарување || || Управување со производи || Висок || Продавачите можат да додаваат, менуваат и бришат производи || || Нарачка и плаќање || Висок || Безбедна онлајн нарачка и опции за плаќање || || Кориснички оценки и прегледи || Среден || Купувачите можат да оставаат оценки и коментари за производите || == 5. Други барања == ||= Барање =||= Приоритет =|| || Интернет конекција || Висок || || Уред со веб прелистувач || Висок || || Сигурна обработка на податоци || Висок || ||Потреба на личен профил на корисник|| Висок || || Потреба на профил од страната на продавачот|| Висок ||