| 13 | Нашиот тим се залага да развие веб апликација која ќе овозможи решавање квизови. Апликацијата ќе се однесува на повеќе теми, како историја, тривија, информатика и слично. За секоја тема ќе има и поткатегории. Ќе има повеќе квизови поврзани со секоја од поткатегориите. Квизовите ќе бидат составени од повеќе прашања, а истите со повеќе можни одговори. Секој од корисниците ќе може да го решава квизот повеќе пати, така што секој обид ќе биде со уникатен резултат. |
| 15 | При стартување на апликацијата, корисникот ќе има можност да се најави со свои корисничко име и лозинка, а ако нема сметка ќе има можност да се регистрира. Доколку не е најавен, Ќе има и можност да решава ограничен број квизови, но резултатите од овие квизови нема да бидат зачувани и за истите нема да може да се добијат награди, како на пример значки. За корисникот да може да решава квизови, ќе треба да селектира одредена тема и за таа тема да одбере соодветна поткатегорија. |