Version 3 (modified by 2 years ago) ( diff ) | ,
---|
Kvizko
Членови на тимот
- Климент Шуканов 201100
- Стефан Ристески 201060
- Петар Пуцоски 201187
Краток опис на проектот
Нашиот тим се залага да развие веб апликација која ќе овозможи решавање квизови. Апликацијата ќе се однесува на повеќе теми, како историја, тривија, информатика и слично. За секоја тема ќе има и поткатегории. Ќе има повеќе квизови поврзани со секоја од поткатегориите. Квизовите ќе бидат составени од повеќе прашања, а истите со повеќе можни одговори. Секој од корисниците ќе може да го решава квизот повеќе пати, така што секој обид ќе биде со уникатен резултат.
При стартување на апликацијата, корисникот ќе има можност да се најави со свои корисничко име и лозинка, а ако нема сметка ќе има можност да се регистрира. Доколку не е најавен, Ќе има и можност да решава ограничен број квизови, но резултатите од овие квизови нема да бидат зачувани и за истите нема да може да се добијат награди, како на пример значки. За корисникот да може да решава квизови, ќе треба да селектира одредена тема и за таа тема да одбере соодветна поткатегорија.
Детален опис на проектот
- За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби
Станува збор за веб апликација која овозможува решавање онлајн квизови. Kvizko е наменет за широката јавност и првенствена цел ќе претставува тестирање на знаењата на корисниците. За менаџирањето и одржувањето на базата на податоци, како и за општата функционалност на системот ќе бидат задолжени креаторите на апликацијата.
- Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
Базата на податоци ќе нуди сервис за забава и едукација преку спроведување квизови и ќе овозможува натпревари меѓу учесниците, а заработката ќе доаѓа од имплементирање на реклами преку вклучување партнерство со компаниите што би сакале да се рекламираат.
- Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
Овој проект е наменет за секој поединец кој сака да ги тестира своите зваења во различни полиња. Главната карактеристика на проектот е тоа што е од забавен, а истовремено и образовен карактер.Креаторите на системот ќе имаат улога на администратори и оценувачи на одговори, тие ќе имаат должност да го одржуваат системот, да ги менуваат и да додаваат дополнителни прашања и легитимно да ги оценуваат приложените одговори.Ќе има и организатори на натпревари, чија цел ќе е да се организира и успешно да се спроведе натпреварот.
- Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект
Нашата апликација ќе биде различна бидејќи освен што ќе овозможува решавање квизови, ќе овозможува и натпревари каде што учесниците ќе можат меѓусебно да ги споредат своите знаења и оној кој што ќе се истакне од групата ќе биде награден со различни дигитални награди, како на пр. медали, беџеви и слично.
- Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Апликацијата ќе биде веб базирана.