| Version 9 (modified by , 2 weeks ago) ( diff ) |
|---|
Дефинирање на проектот
Членови на тимот LynxTor
| Име и Презиме | Индекс | Улога |
|---|---|---|
| Теона Стојаноска | 231004 | Координатор |
| Миа Хаџи-Димова | 231013 | Член на тимот |
| Матеј Анчев | 231157 | Член на тимот |
Краток опис на проектот
Нашата идеја т.е. цел е да изградиме систем за автосалон,во кој ќе се води евиденција за кои автомобили од кој бренд и модел се купени,дали се купени на лизинг,дали на рати и дали даденото возило било на тест возење или моментално е.Како главна функционалност на системот ќе биде да се направи конфигурација за одредено возило т.е. ако купувачот сака да купи возило со дополнителен пакет да се овозможи да му се склопи таа конфигурација и да се пресмета таа цена.
Опис на системот
За кого е наменет системот
Системот е наменет за автосалони, односно компании кои се занимаваат со продажба и конфигурација на возила.
Базата на податоци и апликацијата се во сопственост на самата компанија или на ИТ компанија која го обезбедува системот како сервис (SaaS модел).
Потребите на ваквата организација се:
- централизирано управување со податоци за возила
- следење на клиенти и нивни активности
- олеснување на продажниот процес
- автоматизација на конфигурации и пресметки
- подобра анализа и донесување одлуки
Кои проблеми ги решава системот
Со овој систем се решаваат следните проблеми:
- неповрзани податоци (Excel, рачни белешки)
- тешко следење на статус на возила
- нема јасен увид во интересот на клиентите
- комплицирано пресметување на цена при конфигурација
- недоволна контрола на продажби и плаќања
Системот ги централизира и автоматизира сите овие процеси.
Видови корисници
Системот предвидува повеќе типови корисници:
Администратор
- управува со целиот систем
- додава и брише податоци
- управува со корисници
Вработени
- внесуваат клиенти
- креираат конфигурации
- управуваат со продажби и договори
- организираат тест возења
Менаџери
- имаат увид во статистики
- следат продажба
- донесуваат одлуки
Клиенти
- прегледуваат возила
- креираат конфигурации
- закажуваат тест возење
Постоечки решенија и разлики
Постојат слични системи (CRM и дилерски системи), но овој систем се разликува по:
- фокус на конфигурација на возила со пакети
- интеграција на тест возење, продажба и конфигурација
- прилагоденост за локални автосалони
- можност за проширување
Тип на апликација
Системот е замислен како веб апликација.
Базата на податоци и логиката се на сервер, а пристапот е преку веб интерфејс.
