= Цели, предности и проценети ризици = == 1. Цели == * Овозможување на директен и персонален начин на наоѓање филмови и серии * Зголемување на изборот на содржини преку агрегирање од голем број архиви и стриминг платформи * Агрегирање на содржини од различни земји и на различни јазици, што би задоволило поголем број на корисници * Заштеда на време за пребарување * Подобрено корисничко задоволство за привлекување на нови корисници == 2. Предности == * Побрз начин на наоѓање нови и занимливи содржини * Едноставен и интуитивен интерфејс за прелистување низ сите понудени содржини * Поставување на превод за содржините; голем избор на јазици * Лесна достапност на содржините од корисникот == 3. Проценети ризици == ||= Ред. бр. =||= Датум =||= Наслов =||= Опис =||= Тип =||= Влијание =||= Веројатност =||= Магнитуда =||= Справување со проблемот =|| || 1 || || Неприфаќање на апликацијата од корисникот || Корисниците не се задоволни од изгледот и организацијата на апликацијата || Индиректен || 2 || 0.2 || 0.4 || Обновување на апликацијата со нов и поинтуитивен интерфејс || || 2 || || Загуба на податоците од базата || Загуба на податоците од базата поради софтверски грешки или хакерски напад врз апликацијата || Директен || 5 || 0.1 || 0.5 || Правење на back-up на податоците и градење сигурна софтверска архитектура || || 3 || || Неовластен пристап до кориснички податоци || Неовластен пристап до кориснички податоци како што се е-пошта, лозинката на корисникот и листа на претходно гледани содржини || Директен || 5 || 0.2 || 1 || Сигурна енкрипција на податоците и детална автентикација за пристапи || || 4 || || Мал или нерелевантен избор на содржина после одговарање на прашалникот || Понуда на помал и нерелевантен избор на содржини откако корисникот ќе го одговори првичниот прашалник || Индиректен || 3 || 0.5 || 1.5 || Додавање дополнителни прашања за тоа што би сакал да гледа корисникот. Подетално разгранување на жанрови и интереси за формирање подетален, но интересен прашалник || || 5 || || Ниска конверзија од ненајавени на најавени корисници || Поголем број на корисници не сметаат дека има потреба да направат кориснички профил за максимално да го искористат продуктот || Директен || 3 || 0.7 || 2.1 || Понуда на ограничени функционалности за поттикнување кон најава ||