| 1 | = Идеја и визија = |
| 2 | |
| 3 | == 1. Вовед == |
| 4 | |
| 5 | Мотивот за нашиот проект е желбата да се создаде единствена платформа за наоѓање забавна содржина каде што корисникот одлучува што конкретно ќе му се послужи. Целта на нашата апликација е да се подобри искуството на барање посакувани филмови и телевизиски серии врз основа на тековното расположение на корисникот. Исто така, прибирање на содржини од голем број на streaming платформи и други содржини што ги нема на истите, за корисникот да има поголем избор и контрола. |
| 6 | |
| 7 | == 2. Позиционирање == |
| 8 | |
| 9 | === 2.1 Дефиниција на проблем === |
| 10 | |
| 11 | ||= Тема на проблем =|| Непостоење на унифицирана платформа за забавна содржина што му овозможува на корисникот веднаш да се одлучи за тоа што би сакал да гледа без да ги разлистува сите понудени содржини || |
| 12 | ||= Кого засега =|| Сите заинтересирани за гледање филмови/серии како начин за релаксација || |
| 13 | ||= Со последици како =|| Мала корисничка контрола и ограничен избор на содржини || |
| 14 | ||= Успешно решение би било =|| Клиентите да можат да одберат соодветна содржина за гледање во рок од неколку секунди, што го намалува времето за пребарување и го зголемува времето за гледање на повеќе слични/различни содржини || |
| 15 | |
| 16 | === 2.2 Позиција на пазарот === |
| 17 | |
| 18 | ||= За =|| Луѓе од сите возрасти и интереси || |
| 19 | ||= Кои =|| Би сакале да го намалат времето на пребарување содржини и да го зголемат времето за уживање на истите || |
| 20 | ||= Moodflix =|| Е веб апликација во улога на персонализиран агент и агрегатор || |
| 21 | ||= Кој овозможува =|| Широк и персонализиран избор на достапни филмови и серии || |
| 22 | ||= За разлика од =|| Единствена streaming платформа што има ограничен број на достапни содржини и без начин за ефикасно прелистување на истите || |
| 23 | ||= Нашиот продукт =|| Ги нуди сите достапни забавни содржини со нивните детални спецификации, и овозможува нивна споредба и филтрирање || |
| 24 | |
| 25 | == 3. Опис на засегнатите лица == |
| 26 | |
| 27 | === 3.1 Преглед === |
| 28 | |
| 29 | ||= Име =||= Опис =||= Одговорности =|| |
| 30 | || Клиент || Корисник на апликацијата || Користење на апликацијата за пребарување филмови и серии || |
| 31 | || Архиви и платформи за streaming на содржини || Доставувачи на понудените содржини || Редовно ажурирање на содржината и состојбата на истите на своите веб страни || |
| 32 | || Развивач на апликација || Развивање и одржување на апликацијата || Развивање на апликацијата и редовно преземање на содржината од архивите и платформите || |
| 33 | || Администратор || Ажурирање и проверка на преземената содржина || Ажурирање и проверка на преземените содржини, дополнување на спецификациите, како и комплетно бришење или замена на истите во случај да се прекршат авторски права || |
| 34 | || Супер администратор || Распределувач на пермисии || Доделување на пермисиите на администраторите и развивачите на апликацијата || |
| 35 | |
| 36 | === 3.2 Корисничка околина === |
| 37 | |
| 38 | Корисникот ќе може да ја користи апликацијата од различни уреди како својот мобилен телефон, компјутер и таблет, но со пристап до интернет и веб прелистувач како единствени ограничувања. Времетраењето за пребарување на специфични содржини првично според расположение, потоа според streaming платформата, жанр, оцена, година на издавање на содржината итн. би траело од 10 секунди сѐ до една минута, зависно од тоа по која патека се бара посакуваната содржина. |
| 39 | |
| 40 | == 4. Преглед на продуктот == |
| 41 | |
| 42 | === 4.1 Потреби и карактеристики === |
| 43 | |
| 44 | ||= Потреба =||= Приоритет =||= Карактеристики =|| |
| 45 | || Регистрација и најава на корисници || Висок || Можност за најава на веб апликацијата преку лична email адреса || |
| 46 | || Филтрирање според расположение || Висок || Ефикасно филтрирање на содржини според тековното расположение на корисникот || |
| 47 | || Пребарување || Висок || Пребарување на сите содржини според жанр, оцена, година итн. || |
| 48 | || Доделување на оцена на содржини || Висок || Внесување на бројчена оцена за содржината што ја гледал корисникот || |
| 49 | || Преглед на омилени содржини || Висок || Приказ на омилени содржини кои корисникот ги внесол || |
| 50 | |
| 51 | == 5. Други барања == |
| 52 | |
| 53 | ||= Потреба =||= Приоритет =|| |
| 54 | || Електронски уред || Висок || |
| 55 | || Пристап до интернет || Висок || |
| 56 | || Пристап до веб прелистувач || Висок || |
| 57 | || Потреба на личен профил за складирање на гледани содржини || Висок || |
| 58 | |
| 59 | |