= Идеја и визија = == 1. Вовед == Мотивот за нашиот проект е желбата да се создаде единствена платформа за наоѓање забавна содржина каде што корисникот одлучува што конкретно ќе му биде понудено. Целта на нашата апликација е да се подобри искуството на барање посакувани филмови и телевизиски серии врз основа на тековното расположение на корисникот. Исто така, апликацијата прибира содржини од голем број на стриминг платформи и други извори што не се достапни на истите, за корисникот да има поголем избор и контрола. == 2. Позиционирање == === 2.1 Дефиниција на проблем === ||= Тема на проблем =|| Непостоење на унифицирана платформа за забавна содржина што му овозможува на корисникот веднаш да се одлучи за тоа што би сакал да гледа без да ги прелистува сите понудени содржини || ||= Кого засега =|| Сите заинтересирани за гледање филмови/серии како начин за релаксација или хоби || ||= Со последици како =|| Минимална корисничка контрола и ограничен избор на содржини || ||= Успешно решение би било =|| Клиентите да можат да одберат соодветна содржина за гледање во рок од неколку секунди, што го намалува времето за пребарување и го зголемува времето за гледање на повеќе слични/различни содржини || === 2.2 Позиција на пазарот === ||= За =|| Сите луѓе || ||= Кои =|| Би сакале да го намалат времето на пребарување содржини и да го зголемат времето за гледање и уживање на истите || ||= Moodflix =|| Е веб апликација во улога на персонализиран агент и агрегатор || ||= Кој овозможува =|| Широк и персонализиран избор на достапни филмови и серии || ||= За разлика од =|| Единечна стриминг платформа со ограничен број достапни содржини и без начин за нивно ефикасно прелистување || ||= Нашиот продукт =|| Ги нуди сите достапни забавни содржини со нивните детални спецификации, и овозможува нивно гледање, споредба и филтрирање || == 3. Опис на засегнатите лица == === 3.1 Преглед === ||= Име =||= Опис =||= Одговорности =|| || Клиент || Корисник на апликацијата || Користење на апликацијата за пребарување филмови и серии || || Архиви и платформи за streaming на содржини || Доставувачи на понудените содржини || Редовно ажурирање на содржината и состојбата на истите на своите веб страни || || Развивач на апликацијата || Развивање и одржување на апликацијата || Развивање на апликацијата и редовно преземање на содржината од архивите и платформите || || Администратор || Ажурирање и проверка на преземената содржина || Ажурирање и проверка на преземените содржини, дополнување на спецификациите, како и комплетно бришење на истите во случај да се прекршат авторски права || || Супер администратор || Распределувач на дозволи || Доделување дозволи на администраторите и развивачите на апликацијата || === 3.2 Корисничка околина === Корисникот ќе може да ја користи апликацијата од различни уреди како својот мобилен телефон, компјутер и таблет, при што единствени ограничувања се пристапот до интернет и веб-прелистувач. Времетраењето за пребарување на специфични содржини според расположение би траело до 15 секунди, а според streaming платформата, жанр, оцена, година на издавање на содржината итн. би траело до една минута. == 4. Преглед на продуктот == === 4.1 Потреби и карактеристики === ||= Потреба =||= Приоритет =||= Карактеристики =|| || Регистрација и најава на корисници || Висок || Можност за најава на веб-апликацијата преку лична е-пошта || || Филтрирање според расположение || Висок || Ефикасно филтрирање на содржини според тековното расположение на корисникот || || Пребарување || Висок || Пребарување на сите содржини според жанр, оцена, година итн. || || Доделување на оцена на содржини || Висок || Внесување на бројчена оцена за содржината што ја гледал корисникот || || Преглед на омилени содржини || Висок || Приказ на омилени содржини додадени од страна на корисникот || == 5. Други барања == ||= Потреба =||= Приоритет =|| || Електронски уред || Висок || || Пристап до интернет || Висок || || Пристап до веб прелистувач || Висок || || Потреба од личен профил за складирање на гледани содржини || Висок ||