Идеја и визија
1. Вовед
Мотивот за нашиот проект е желбата да се создаде единствена платформа за наоѓање забавна содржина каде што корисникот одлучува што конкретно ќе му биде понудено. Целта на нашата апликација е да се подобри искуството на барање посакувани филмови и телевизиски серии врз основа на тековното расположение на корисникот. Исто така, апликацијата прибира содржини од голем број на стриминг платформи и други извори што не се достапни на истите, за корисникот да има поголем избор и контрола.
2. Позиционирање
2.1 Дефиниција на проблем
Тема на проблем | Непостоење на унифицирана платформа за забавна содржина што му овозможува на корисникот веднаш да се одлучи за тоа што би сакал да гледа без да ги прелистува сите понудени содржини
|
---|
Кого засега | Сите заинтересирани за гледање филмови/серии како начин за релаксација или хоби
|
---|
Со последици како | Минимална корисничка контрола и ограничен избор на содржини
|
---|
Успешно решение би било | Клиентите да можат да одберат соодветна содржина за гледање во рок од неколку секунди, што го намалува времето за пребарување и го зголемува времето за гледање на повеќе слични/различни содржини
|
---|
2.2 Позиција на пазарот
За | Сите луѓе
|
---|
Кои | Би сакале да го намалат времето на пребарување содржини и да го зголемат времето за гледање и уживање на истите
|
---|
Moodflix | Е веб апликација во улога на персонализиран агент и агрегатор
|
---|
Кој овозможува | Широк и персонализиран избор на достапни филмови и серии
|
---|
За разлика од | Единечна стриминг платформа со ограничен број достапни содржини и без начин за нивно ефикасно прелистување
|
---|
Нашиот продукт | Ги нуди сите достапни забавни содржини со нивните детални спецификации, и овозможува нивно гледање, споредба и филтрирање
|
---|
3. Опис на засегнатите лица
3.1 Преглед
Име | Опис | Одговорности
|
---|
Клиент | Корисник на апликацијата | Користење на апликацијата за пребарување филмови и серии
|
Архиви и платформи за стриминг на содржини | Доставувачи на понудените содржини | Редовно ажурирање на содржината и состојбата на истите на своите веб страни
|
Развивач на апликацијата | Развивање и одржување на апликацијата | Развивање на апликацијата и редовно преземање на содржината од архивите и платформите
|
Администратор | Ажурирање и проверка на преземената содржина | Ажурирање и проверка на преземените содржини, дополнување на спецификациите, како и комплетно бришење на истите во случај да се прекршат авторски права
|
Супер администратор | Распределувач на дозволи | Доделување дозволи на администраторите и развивачите на апликацијата
|
3.2 Корисничка околина
Корисникот ќе може да ја користи апликацијата од различни уреди како својот мобилен телефон, компјутер и таблет, при што единствени ограничувања се пристапот до интернет и веб-прелистувач. Времето потребно за пребарување на специфични содржини според расположение би траело до 15 секунди, а според стриминг платформата, жанр, оцена, година на издавање на содржината итн. би траело до една минута.
4. Преглед на продуктот
4.1 Потреби и карактеристики
Потреба | Приоритет | Карактеристики
|
---|
Регистрација и најава на корисници | Висок | Можност за најава на веб-апликацијата преку лична е-пошта
|
Филтрирање според расположение | Висок | Ефикасно филтрирање на содржини според тековното расположение на корисникот
|
Пребарување | Висок | Пребарување на сите содржини според жанр, оцена, година итн.
|
Доделување на оцена на содржини | Висок | Внесување на бројчена оцена за содржината што ја гледал корисникот
|
Преглед на омилени содржини | Висок | Приказ на омилени содржини додадени од страна на корисникот
|
5. Други барања
Потреба | Приоритет
|
---|
Електронски уред | Висок
|
Пристап до интернет | Висок
|
Пристап до веб прелистувач | Висок
|