== !MusicBuzz **Краток опис:** \\Нашиот проект ќе претставува апликација за слушење на музика. Во оваа апликација ќе имаме 2 типа корисници: слушател и уметници . За нив ќе се чуваат и неколку дополнителни информации. Секој слушател ќе може да си одреди своја преференца за музика, а секој уметник ќе може да додаде свое дело. Песните се дело од некој уметник и тие се дел од некој албум. Друг тип на дело кое може да се додаде од страна на уметник е и подкастот. Секој подкаст содржи една или повеќе епизоди. Главната идеја на оваа апликација е да предлага нови песни кои се совпаѓаат со преференцата на клиентот а сепак тој да ги нема слушнато претходно. Доколку некоја песна му остави посебен впечаток, корисникот има опција да остави коментар и оценка за музичкото дело. Покрај албумите, песните може да припаѓаат и во различни плејлисти до кои може да пристапи секој. Подкастите припаѓаат на некоја категорија. Слушателот ќе има опција и да следи повеќе уметници, со цел да биде информиран доколку некој уметник објави ново дело кое би му се допаднало на слушателот. Ова е исто корисно и за уметниците, да можат да видат колку луѓе се нивни обожаватели. Уметниците исто така може да објават идни настани - live stream или концерт. На секој live stream слушателите можат да споделат реакција. **Членови на тимот:** * Борис Џотов 185022 * Илза Гаши 20006 * Милена Кукољ 186085 * Иван Трајков 186121 **Предмет:** Бази на податоци во 2023/2024/Зимски **Под менторство на:** проф. д-р Вангел Ајановски и тутор Стефани Кулебанова **Содржина:** ||=Задача / Фаза=||=Линкови до страници за фазата=||=Статус=|| || P0 || [wiki:About] || **Оценето** || || Р1 || [wiki:ERModel] || **Оценето** || || Р2 || [wiki:RelationalDesign] || **Потребна е поправка** || || Р3 || [wiki:UseCaseModel] || **Одобрено** || || Р4 || [wiki:AdvancedReports] || **Потребна е поправка** || || Р5 || [wiki:UseCaseImplementations] || **Завршено** ||