| 1 | **3.1. Историја на музиката** |
| 2 | George Jellinek рекол дека историјата на луѓето е запишана во нивните песни. Музиката постоела во сите ери на човештвото: |
| 3 | - почнувајќи во праисторискиот период -т.н. примитивна музика, |
| 4 | - античка музика во периодот после праисториската музика, |
| 5 | - музиката на Античките Грци, |
| 6 | - музика во Библискиот период, |
| 7 | - средновековна музика |
| 8 | - ренесансна музика |
| 9 | - ера на класичната музика |
| 10 | - се до музиката на 20- тиот и 21-виот век. |
| 11 | Музиката може да се дефинира како форма на уметност и таа претставува културна активност чиј медиум е звукот претставен во времето. Постојат повеќе типови на музика, како на пр. : религиозна музика, популарна музика, традиционална музика и сл. Таа се класифицира во музички жанрови, кои исто така можат да се класифицираат во поджанрови. |