**2.1. Историја на музиката** {{{#!box type=todo Текстот треба да има логичен тек. Во општиот вовед да се спомне зошто е битно да се дискутира за историјата, па потоа да се дискутира тука. Но, тоа го нема. Наеднаш се скока на мини-поглавје за историјата на музиката, без образложение. Истото не е корисно за во 2.2, па се поставува прашање дали е воопшто потребно. Тука има историски информации, слики, ... без образложена потреба. Дипломската не е учебник од историја на уметност или музикологија, туку е стручен труд од областа на информатиката, па сите напишани работи треба да бидат напишани со цел да дадат допринос кон финалното стручно информатичко решение (апликација). Значи треба да се образложи зошто се корисни овие информации. Ако не се, не треба ни да ги има. }}} {{{#!box type=todo Недостасува правилно цитирање и референци. }}} George Jellinek рекол дека историјата на луѓето е запишана во нивните песни. Музиката постоела во сите ери на човештвото: - почнувајќи во праисторискиот период -т.н. примитивна музика, - античка музика во периодот после праисториската музика, - музиката на Античките Грци, - музика во Библискиот период, - средновековна музика - ренесансна музика - ера на класичната музика - се до музиката на 20- тиот и 21-виот век. Музиката може да се дефинира како форма на уметност и таа претставува културна активност чиј медиум е звукот претставен во времето. Постојат повеќе типови на музика, како на пр. : религиозна музика, популарна музика, традиционална музика и сл. Таа се класифицира во музички жанрови, кои исто така можат да се класифицираат во поджанрови. [[Image(Sassanid_Music_Plate_7thcentury.jpg)]] Сл. 1. Чинија од 7-миот век на која е прикажана Сасанидската ера на музичари