**2.1. Историја на музиката** George Jellinek рекол дека историјата на луѓето е запишана во нивните песни. Музиката постоела во сите ери на човештвото: - почнувајќи во праисторискиот период -т.н. примитивна музика, - античка музика во периодот после праисториската музика, - музиката на Античките Грци, - музика во Библискиот период, - средновековна музика - ренесансна музика - ера на класичната музика - се до музиката на 20- тиот и 21-виот век. Музиката може да се дефинира како форма на уметност и таа претставува културна активност чиј медиум е звукот претставен во времето. Постојат повеќе типови на музика, како на пр. : религиозна музика, популарна музика, традиционална музика и сл. Таа се класифицира во музички жанрови, кои исто така можат да се класифицираат во поджанрови. [[Image(Sassanid_Music_Plate_7thcentury.jpg)]] Сл. 1. Чинија од 7-миот век на која е прикажана Сасанидската ера на музичари