**1.1. Истражувачки прашањa и проектна цел** Во оваа дипломска работа се истражени следните прашања: • Дали компјутерот со помош на машинско учење може автоматски да создаде нова Македонска народна мелодија? • Дали LSTM рекурентните невронски мрежи се успешни во моделирањето на Македонската народна музика? • Како влијае менувањето на хиперпараметрите на LSTM моделот врз резултатните мелодии? Примарната цел на оваа дипломска е истражување на процесот на автоматиско генерирање на Македонска народна мелодија, како и дизајн и имплементација на алгортитам, со помош на вештачка интелигенција, за генерирање на нови мелодии во стилот на Македонската народна музика.