**2.2. Теорија на музика - Основи на музиката** Теоријата на музиката е наука која ги проучува практиките и можностите за музика. Елементи на звукот кои ги изучува музичката терија се : интензитетот ( вбројува мелодија и хармонија), ритамот (вбројува такти темпо), и вокални квалитети, како што се артикулација, динамика и текстура. За да можеме да ги класифицираме обичните звуци од музиката, музиката е дефинирана како композиција од три главни елементи: мелодија, хармонија и ритам. **Мелодија** е “изводлив“ проток на звук, кој во едно музичко дело се издвојува како “главен глас”. Мелодијата и ритамот се меѓусебно поврзани. **Хармонија** се нотите кои се преклопуваат и ја определуваат структурата на мелодијата. **Ритам** во музиката претставува поставување на звуците, нотите, во текот на времето. Тој е музичка шема во временски рамки. Ритамот може да постои без мелодија, но мелодијата без ритам не може да постои. **Акорд** во музичката теорија претставува било кое хармонично множество од две или повеќе ноти, кои се слушаат како да се изведуваат истовремено. **Нотата** е мерка за висината и времетрањето на звукот, и како таква се смета за градбен блок на било кое музичко дело.