Version 6 (modified by 6 years ago) ( diff ) | ,
---|
2.2. Теорија на музика - Основи на музиката
Теоријата на музиката е наука која ги проучува практиките и можностите за музика. Елементи на звукот кои ги изучува музичката терија се : интензитетот ( вбројува мелодија и хармонија), ритамот (вбројува такти темпо), и вокални квалитети, како што се артикулација, динамика и текстура. За да можеме да ги класифицираме обичните звуци од музиката, музиката е дефинирана како композиција од три главни елементи: мелодија, хармонија и ритам.
Мелодија е “изводлив“ проток на звук, кој во едно музичко дело се издвојува како “главен глас”. Мелодијата и ритамот се меѓусебно поврзани.
Хармонија e користењето на истовремени ноти или акорди. Ритам во музиката претставува поставување на звуците, нотите, во текот на времето. Тој е музичка шема во временски рамки. Ритамот може да постои без мелодија, но мелодијата без ритам не може да постои.
Акорд во музичката теорија претставува било кое хармонично множество од две или повеќе ноти, кои се слушаат како да се изведуваат истовремено.
Нотата е мерка за висината и времетрањето на звукот, и како таква се смета за градбен блок на било кое музичко дело.