**2.2. Македонска народна музика** Етничката Македонска народна музика вклучува два типа на музика, традиционална музика (уште позната и како изворна музика) и новосоздадена народна музика. Се смета дека Македонската музика е производ на нејзината уникатна географска позиција, како раскрсница помеѓу истокот и западот. Моделот на Македонската народна музика е поджанр на минималистичката музика која што му дава посебен белег на повторувачките звуци, ноти или група на ноти наречени дронови. Дронови во музиката се сите хармонични или монофонични ефекти или придружни мелодии каде нотата или акордот се слушаат непрекинато низ целата мелодија. Посебен аспект од Македонската народна музика се временските потписи како 7/8, 9/8, 11/8, 5/8, 12/8, 13/8, 18/8 и сл. Најзастаен е временскиот потпис од 7/98. Македонската народна музика е карактериснична по неколку инструменти, а тука спаѓаат: гајда, кавал, тапан, тамбура. [[Image(BeFunky-collage-3-4.jpg,10%)]] [[Image(Kaval.jpg,5%​)]] [[Image(220px-Tapan.jpg,10%​)]] [[Image(Mktambura.jpg​,3%)]] **Сл. 1.** Најзастапени муз. инструменти во Македонската народна музика: гајда, кавал, тапан и тамбура Музиката на Балканот е позната по сложениот ритам, а тука посебно спаѓа Македонската народна музика. Како пример ќе ја посочам песната “Помниш ли, либе Тодоро”, чиј ритам е 22/16, подолен по станца на 2+2+3+2+2+3+2+2+2+2. На **сл. 2** е прикажан нотниот запис на оваа песна, каде може да се види поделбата на ритамот на две станци, секоја од нив со ритам 11/16. [[Image(pomnis.png)]] **Сл. 2.** Нотација на песната “Помниш ли, либе Тодоро”