wiki:AGMFM - 2.2. Македонска народна музика

Version 15 (modified by Vangel V. Ajanovski, 6 years ago) ( diff )

2.3. Македонска народна музика

И тука како и на претходните делови треба да се образложи зошто се корисни овие информации. Јасно дека насловот на дипломската е македонска народна музика, но не е јасно зошто се битни дронови/акорди итн.

Воопшто не е јасно зошто се потребни информации и фотографии за народните ора.

Сликата со нотните записи не е ни спомната во текстот. Генерално сите слики, формули, кодови, треба претходно да се спомнати/референцирани во текстот и објаснето зошто се потребни.

Недостасуваат референци до изворите од каде се информациите/сликите.

Етничката Македонска народна музика вклучува два типа на музика, традиционална музика (уште позната и како изворна музика) и новосоздадена народна музика. Се смета дека Македонската музика е производ на нејзината уникатна географска позиција, како раскрсница помеѓу истокот и западот. Моделот на Македонската народна музика е поджанр на минималистичката музика која што му дава посебен белег на повторувачките звуци, ноти или група на ноти наречени дронови. Дронови во музиката се сите хармонични или монофонични ефекти или придружни мелодии каде нотата или акордот се слушаат непрекинато низ целата мелодија. Посебен аспект од Македонската народна музика се временските потписи како 7/8, 9/8, 11/8, 5/8, 12/8, 13/8, 18/8 и сл. Најзастаен е временскиот потпис од 7/98. Македонската народна музика е карактериснична по неколку инструменти, а тука спаѓаат: гајда, кавал, тапан, тамбура.

Сл. 2. Најзастапени муз. инструменти во Македонската народна музика: гајда, кавал, тапан и тамбура

Честопати Македонската народна песна е придружувана со Македонски народни ора. Познати ора се: Тешкото, Невестинско, Драчевка, Седенка, Малешевка, Осоговка, Лазаренки, Комитско, Тресеница, Калајџиско и многу други. Бидејќи Македонската фолк традиција е богата и силна таа и дава влијание на народната музика врз музиката на светот.

No image "Tanec_folk_ensemble_Macedonia_1.jpg" attached to AGMFM - 2.2. Македонска народна музика No image "Tanec_folk_ensemble_Macedonia_2.jpg" attached to AGMFM - 2.2. Македонска народна музика No image "Tanec_folk_ensemble_Macedonia_6.jpg" attached to AGMFM - 2.2. Македонска народна музика

Сл. 3. Од лево женско оро, во средина машко оро и десно машко-женско оро Музиката на Балканот е позната по сложениот ритам, а тука посебно спаѓа Македонската народна музика. Како пример ќе ја посочам песната “Помниш ли, либе Тодоро”, чиј ритам е 22/16, подолен по станца на 2+2+3+2+2+3+2+2+2+2.

Сл. 4. Нотација на песната “Помниш ли, либе Тодоро”

Attachments (5)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.