wiki:AGMFM - 3. Автоматско генерирање музика

Version 18 (modified by Monika Rizova, 6 years ago) ( diff )

3. Автоматско генерирање на музика

Постојат бројни примери на репетитивна музика кои ги создава природата, како на пример музиката создадена од Кинеските ѕвончиња (сл.5), Аеонските харфи (создаваат звук со помош на ветар, сл.6), јапонскиот инструмент на вода наречен суикинкутсу (сл.7) и сл., што значи оваа идеја постоела уште во минатото. Во денешно време под поимот автоматско генерирана музика се мисли на алгоритамска музика. За да стане таква голем придонес дала играта “Musikalisches Würfelspiel“ (на германски "музичка игра со коцка") претставена во 1700 години. Таа претставувала систем за користење коцка за случајно ‘генерирање’ музика од веќе прекомпонирани дела.

Сл. 5. Кинеско ѕвонче Сл. 6. Аеонска харфа Сл. 7. Пресек на инструментот на вода - суикинкутсу (ѕвонче на ветар)

Сл. 8. Пример автоматски генерирана песна според записите за бр. 2 и 3 на коцките во играта: The Dice Waltz

Алгоритамската музика продолжила да се развива а во 1900 г. формализирани се Марковите низи , кои овозможиле создавање на нови музички композиции без да има потреба од прекомпонирани дела. За делот со веројатноста на случајниот избор не се користела повеќе коцка, односно веројатноста не била сметана за подеднаква туку зависела од содржината на делата врз кои се гради новокомпонираната мелодија. На сл.9 е прикажан граф на Маркова низа односно матрица на транзиција, промена од една состојба во друга.

Недостасува опис на тоа што точно прикажива илустрацијата, бидејќи само по себе не е јасно, а напишаното не објаснува доволно.

Сл. 9. Граф на матрица на транзиција (Маркови низи) добиен со апликацијата Markov composer

Iannis Xenakis бил Грчко-Француски композитор, музички теоретичар и инженер. Негово најценето дело е книгата: “Formalized music: Thought and Mathematics in Composition” . Во неа тој го опишал процесот на креирање мелодии со користење на Марковите низи (кои ги искористил во неговите 1958 композиции содржани во Analogique.

David Cope е Американски автор, композитор, научник и поранешен професор по музика на Универзитетот на Калифорнија, Санта Круз. Негови теми на истражување се музиката и вештачката интелигенција. Има создадено полуавтоматски систем наречен “Експерименти во музичката интелигенција” - ЕММИ. Овој систем се состоел од комбинација на Маркови низи со методологии како: музички граматики и комбинаторика. Тој e пронаоѓач на Американскиот патент #7696426 – Recombinant Music Composition Algorithm and Method of Using the Same.

Во подоцнежните години на 20-тиот век, односно во 1989 година се појавува нов пристап на автоматско компонирање на музика, генерирање на музика со рекурентни невронски мрежи. Првите обиди во ова ги направил Peter M. Todd, кој работел на одделот по психологија на Универзитетот во Станфорд, објавени во неговиот труд “A Connectionist Approach To Algorithmic Composition”. , кој го објавил заедно со неговите соработници.

Едно е историјат а друго е преглед на техники и методи. Тоа мислам треба да си оди во свое поглавје 3.1, а тоа што е 3.1 да стане 3.2

Изборот и образложението зошто е направен изборот не му е местото тука, треба да оди во 3.3, откако се објаснети сите разгледани работи и да се објасни повеќе зошто е одбрано баш тоа.

Во овој труд, за алгоритамско создавање на Македонска народна мелодија јас го избрав пристапот со системи кои се способни да учат, поточно со модел на рекурентни невронски мрежи кој ќе биде трениран на постоечки македонски народни песни во МИДИ формат.

Attachments (7)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.