wiki:AGMFM - 3.1. Модели на алгоритамско компонирање

Version 1 (modified by Monika Rizova, 6 years ago) ( diff )

3.1. Модели на алгоритамско компонирање

Автоматското генерирање на музика со алгоритми, или алгоритамско компонирање е техника на креирање песни со помош на алгоритми. Алгоритмите користени за добивање на музика, без разлика која програмерска техника ја користат, се нарекуваат композициски алгоритми. Музиката добиена со алгоритамско компонирање може да биде или создадена од компјутерот или создадена со помош на компјутер. Алготитмите како резултат можат да дадат:

  • Нотна репрезентација (како нотен документ или во МИДИ формат )
  • Или се способни за звучна синтеза на независен начин, односно можат да ја отсвират композицијата.

Во зависност од тоа каква е структурата на еден композициски алгоритам и од тоа како го обработува множеството на модатоци, тие можат да бидат класифицирани на следните типови на модели на алгоритамско компонирање:

  • Математички модели
  • Системи базирани на знаење
  • Граматики
  • Системи кои се способни да учат
  • Хибридни сстеми.

Математичките модели, како што ни кажува самото име се состојат од математички равенки, а најпозната метода за креирање композиции со математички модели се стохастичките процеси, каде спаѓаат Марковите низи.

Музиката може да биде набљудувана и како јазик со своја граматика, таканаречена музичка граматика. Музичката граматика содржи правила за компонирање на макро ниво.

Системите базирани на знаење се базираат на предефинирани аргументи кои помагаат во составањето композиции од некој предефириран жанр или стил.

Системите кои се способни да учат немаат претходно знаење за стилот на музика со кој работат, туку учат за него од примерите кои му ги дава програмерот и потоа со нивно процесирање создаваат музичко дело кое што е слично на мелодиите кои биле дадени во множеството за учење.

Хибридните системи се создадени од потребата да се надминат слабостите на одредени алгортми и да се подобрат резултатите во автоматското генерирање на музика.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.