**3.1. Постоечки решенија за автоматско генерирање на музика** {{{#!box type=todo Пред постоечки решенија (имплементации), фали наслов и преглед за постоечки техники/методи }}} {{{#!box type=todo Фали некаков воведен текст во кој се групирани/класифицирани типовите решенија, ако ништо друго по вид музика што генерираат или според тоа што од целокупната музика генерираат. Може да биде генерирана мелодија, може да биде генерирана прикладна позадинска музика или хармонички вклопени ефекти, може да биде генериран прикладен ритам или амбиентална хармонична поддршка. }}} {{{#!box type=todo Недостасуваат правилни референци до изворот од кој се земени информациите. }}} Постојат многубројни трудови кои го истражуваат и дискутираат процесот за алгоритамско генерирање на мелодија. Некои истражуваат различни методи и алгоритми, други предлагаат имплементација и прашања за идна работа. Во прилог ќе наведам примери и имплементации на веќе постоечки решенија. ** !WolframTones** **!WolframTones** е веб сајт за автоматско генерирање на музика изработен од Stephen Wolfram , креаторот на **Mathematica** и **!WolframAlpha** . Овој веб сајт креира мелодија со подесување на можните параметри како на пример: вид на инструмент, музички стил, скали, темпо и опција за избор на алгоритамски подесувања. [[Image(wolframtones.png​,45%)]] **Сл. 12** Избор на параметри за генерирање мелодија – !WolframTones Принципот на кој функционира !WolframTones е следниов: најпрво се генерира шемa со клеточна автоматизација, се одбира дел од неа, тој дел се претставува на временска оска и се третира како музички запис. На следните слики можеме подобро да видеме за што станува збор: [[Image()]] [[Image()]] ** Сл. 13** Дел од шема генерирана со кл. автоматизација **Сл. 14** Претставување на временска оска Висината на црните точки е претставена како висина на нота, и од оваа нотна репрезентација со помош на Wolframe јазични алгоритми за креирање музика се добива нова музичка мелодија. **MorpheuS** ** MorpheuS** e систем за автоматско генерирање на музика со рекурентни ограничувања на моделот и профили на тензија. Претставен е во трудот: “MorpheuS: automatic music generation with recurrent pattern constraints and tension profiles”, дело на колегите: Dorien Herremans и Elaine Chew. Принципот на кој функционира MorpheuS е следниот: на влез има XML музички фaјл, кој потоа се конвертира во МИДИ формат за да може да се обработи со алгоритам за детектирање на шеми, но и се прави парсирање со XML парсер, па на двата такви обработени влезни информации се извршува алгоритам за оптимизација кој на крај ни дава музичко дело како излез во XML музички документ. Подетално ова може да се види од следната слика, каде е претставена архитектурата на Morpheus: [[Image(морпхеус.png​)]] **Сл. 15** Архитектура на системот Morpheus Morpheus може да произведе полифонични мелодии од било кој жанр или тип на музика. **A.I. Duet** **A.I.Duet** е создаден од **Yotham Mann** и неговите пријатели, како експеритент на Гугл во вештачката интелигенција, а е создаден со помош на Magenta. Овој експеримент можеме да го видеме на страната на А.I.Duet. На почетен екран има копче Play кое не носи на екран со виртуелно пиано на кое можеме да свиреме ноти преку влез на тастатура или преку глувче, а потоа врз основа на нашиот влез, компјутерот отсвирува придружна мелодија, односно имаме музички дует со него. [[Image(ке.png​,30%)]] **Сл. 16** Кориснички интерфејс на **A.I.Duet** [[Image(aiduet.png​)]] **Сл. 17** Тестирање на A.I.Duet A.I. Duet ги користи библиотеките Tensorflow и Tone.js. **Melisma Stochastic Melody Generator** **Melisma Stochastic Melody Generator** е комјутерска програма која што генерира мелодија, а е создадена од David Temperly. На веб сајтот на оваа програма имаме можност да поставиме параметри за тоналитетот на мелодијата, ритамот и темпото и сл. Програмата е базирана на стохастични процеси. Откако параметрите се поставени со клик на копчето: креирај мелодија, алгоритамот за креирање мелодија почнува да се извршува и на излез генерира фалј во МИДИ формат, кој можеме да го симнеме и да го преслушаме.