**3.2. Постоечки решенија за автоматско генерирање на музика** Постојат многубројни трудови и решенија кои го истражуваат, дискутираат и имплементираат процесот за алгоритамско генерирање на музика, а можат да бидат класифицирани или по видот на музика кој го генерираат или според тоа што од целокупната музика генерираат (дали е генерирана целосна автоматска мелодија, придружна мелодија, музичка синтеза, музички дует и сл.). Во прилог ќе наведам примери за имплементации на веќе постоечки решенија кои генерираат целосна мелодија. ** !WolframTones** **!WolframTones** е веб сајт за автоматско генерирање на музика изработен од Stephen Wolfram , креаторот на **Mathematica** и **!WolframAlpha** . Овој веб сајт креира мелодија со подесување на можните параметри како на пример: вид на инструмент, музички стил, скали, темпо и опција за избор на алгоритамски подесувања. [[Image(wolframtones.png​,45%)]] **Сл. 8** Избор на параметри за генерирање мелодија – !WolframTones Принципот на кој функционира !WolframTones е следниов: најпрво се генерира шемa со клеточна автоматизација, се одбира дел од неа, тој дел се претставува на временска оска и се третира како музички запис. На следните слики можеме подобро да видеме за што станува збор: [[Image(s1.jpg)]] [[Image(s2.jpg)]] ** Сл. 9** Дел од шема генерирана со кл. автоматизација **Сл. 10** Претставување на временска оска Висината на црните точки е претставена како висина на нота, и од оваа нотна репрезентација со помош на Wolframe јазични алгоритми за креирање музика се добива нова музичка мелодија. **Јukedek** Jukedeck е софтвер за автоматско генерирање на музика кој е лесен за употреба, а функционира со алгоритам кој користи длабоко учење и невронски мрежи. Овој софтвер нуди 8 различни видови на жанрови на музика во кои може да биде ново компонираната мелодија. Квалитетот на песните е одличен, а софтверот нуди опција за симнување на песните и нивно едитирање. Корисничкиот интерфејс е едноставен за користење, односно за да креираме нова мелодија притискаме на копчето “create a track”, по што имаме опција за избор на жанр, темпо, инструмент и траење на песната, и со вака избраните параметри и повторно притискање на “create a track” софтерот ја генерира нашата посакувана мелодија(во прилогот на сликата е прикажан интерфејсот на Jukedeck). Сл.11 Кориснички интерфејс на Jukedeck make **Abundant Music** Abundant Music е софтвер за автоматско генерирање на мелодија, кој е целосно слободен а е создаден од Per Nyblom. Базиран е врз основа на семиња и претставува процедурална програма за генерирање музика, која не побарува претходно познавање од музика. Корисничкиот интерфејс не е интуитивен, но има низа туторијали за генерирањето на мелодија, а резултатите се задоволителни. На следната слика можеме да ги видеме различните опции при генерирањето на мелодијата. [[Image(Abundant.png​,40%)]] **Сл.12** Кориснички интерфејс на Abundant Music **Melisma Stochastic Melody Generator ** Melisma Stochastic Melody Generator е комјутерска програма која што генерира мелодија, а е создадена од David Temperly. На веб сајтот на оваа програма имаме можност да поставиме параметри за тоналитетот на мелодијата, ритамот и темпото и сл. Програмата е базирана на стохастични процеси. Откако параметрите се поставени, со клик на копчето: креирај мелодија, алгоритамот за креирање мелодија почнува да се извршува и на излез генерира фалј во МИДИ формат, кој можеме да го симнеме и да го преслушаме. На следната слика можеме да ги видеме опциите за подесување на параметри на Melisma Stochastic Melody Generator. [[Image(Melisma.png​,40%)]] **Сл.13** Кориснички интерфејс на Melisma Stochastic Melody Generator