Version 18 (modified by 6 years ago) ( diff ) | ,
---|
3.1. Постоечки решенија за автоматско генерирање на музика
Фали некаков воведен текст во кој се групирани/класифицирани типовите решенија, ако ништо друго по вид музика што генерираат или според тоа што од целокупната музика генерираат. Може да биде генерирана мелодија, може да биде генерирана прикладна позадинска музика или хармонички вклопени ефекти, може да биде генериран прикладен ритам или амбиентална хармонична поддршка.
Недостасуваат правилни референци до изворот од кој се земени информациите.
Постојат многубројни трудови и решенија кои го истражуваат, дискутираат и имплементираат процесот за алгоритамско генерирање на музика, а можат да бидат класифицирани или по видот на музика кој го генерираат или според тоа што од целокупната музика генерираат (дали е генерирана целосна автоматска мелодија, придружна мелодија, музичка синтеза, музички дует и сл.). Во прилог ќе наведам примери за имплементации на веќе постоечки решенија кои генерираат целосна мелодија, со опција за избор на жанр на музика.
WolframTones WolframTones е веб сајт за автоматско генерирање на музика изработен од Stephen Wolfram , креаторот на Mathematica и WolframAlpha . Овој веб сајт креира мелодија со подесување на можните параметри како на пример: вид на инструмент, музички стил, скали, темпо и опција за избор на алгоритамски подесувања.
Сл. 12 Избор на параметри за генерирање мелодија – WolframTones
Принципот на кој функционира WolframTones е следниов: најпрво се генерира шемa со клеточна автоматизација, се одбира дел од неа, тој дел се претставува на временска оска и се третира како музички запис. На следните слики можеме подобро да видеме за што станува збор:
Сл. 13 Дел од шема генерирана со кл. автоматизација Сл. 14 Претставување на временска оска
Висината на црните точки е претставена како висина на нота, и од оваа нотна репрезентација со помош на Wolframe јазични алгоритми за креирање музика се добива нова музичка мелодија.
Јukedek
Jukedeck е софтвер за автоматско генерирање на музика кој е лесен за употреба, а функционира со алгоритам кој користи длабоко учење и невронски мрежи. Овој софтвер нуди 8 различни видови на жанрови на музика во кои може да биде ново компонираната мелодија. Квалитетот на песните е одличен, а софтверот нуди опција за симнување на песните и нивно едитирање. Корисничкиот интерфејс е едноставен за користење, односно за да креираме нова мелодија притискаме на копчето “create a track”, по што имаме опција за избор на жанр, темпо, инструмент и траење на песната, и со вака избраните параметри и повторно притискање на “create a track” софтерот ја генерира нашата посакувана мелодија(во прилогот на сликата е прикажан интерфејсот на Jukedeck).
Сл. Кориснички интерфејс на Jukedeck make
Abundant Music
Abundant Music е софтвер за автоматско генерирање на мелодија, кој е целосно слободен а е создаден од Per Nyblom. Базиран е врз основа на семиња и претставува процедурална програма за генерирање музика, која не побарува претходно познавање од музика.
Корисничкиот интерфејс не е интуитивен, но има низа туторијали за генерирањето на мелодија, а резултатите се задоволителни. На следната слика можеме да ги видеме различните опции при генерирањето на мелодијата.
Сл. Кориснички интерфејс на Abundant Music
Melisma Stochastic Melody Generator
Melisma Stochastic Melody Generator е комјутерска програма која што генерира мелодија, а е создадена од David Temperly. На веб сајтот на оваа програма имаме можност да поставиме параметри за тоналитетот на мелодијата, ритамот и темпото и сл. Програмата е базирана на стохастични процеси. Откако параметрите се поставени, со клик на копчето: креирај мелодија, алгоритамот за креирање мелодија почнува да се извршува и на излез генерира фалј во МИДИ формат, кој можеме да го симнеме и да го преслушаме. На следната слика можеме да ги видеме опциите за подесување на параметри на Melisma Stochastic Melody Generator.
Сл. Кориснички интерфејс на Melisma Stochastic Melody Generator
Attachments (7)
- wolframtones.png (22.9 KB ) - added by 6 years ago.
- wolframtones.2.png (71.1 KB ) - added by 6 years ago.
- Melisma.png (45.9 KB ) - added by 6 years ago.
- Abundant.png (125.6 KB ) - added by 6 years ago.
- s1.jpg (20.2 KB ) - added by 6 years ago.
- s2.jpg (20.6 KB ) - added by 6 years ago.
- juke.png (243.1 KB ) - added by 6 years ago.
Download all attachments as: .zip