**4. Машинско учење** Машининското учење има постигнато многу успешни резултати во областите на компјутерска визија и препознавање на говор. За првпат машинското учење за креирање на музиката е искористено во 1960 год., од страна на рускиот истражувач R. Kh. Zaripov , по што почнало да се смета како успешна техника за крерирање музика. Бидејќи има бројни трудови на оваа тема, а резултатите се задоволителни, го избрав како метод за генерирање на македонска народна мелодија. Способноста на компјутерот да учи, без да биде експлицитно програмиран за тоа, е овозможена со област од вештачката интелигенција наречена машинско учење. Машинското учење ги проучува податоците со помош на алгоритми кои што можат да учат а потоа прави предвидувања за нови податоци. Тие предвидувања се прават врз основа на научен модел, кој е трениран на одредени податоци (примероци). Примени на машинско учење можеме да видеме во проблеми кои решаваат класифицирање на податоци, групирање, регресија и сл. Практично машинското учење е имплементирано и се користи во: - Компјутерска визија - Податочно рударење - Машинско преведување - Препознавање на шеми - Биомедицинска информатика - Пребарувачи - Музика, и во многу други области и подгранки на овие области. Постојат повеќе методи за машинско учење. Некои од нив се: надгледувано учење, ненадгледувано учење, делумно-надгледувано учење, намалување на димензионалноста и др. {{{#!box type=todo Тука не е објаснето зошто од сите други методи токму NN, RNN и LSTM ќе ги објаснуваш во повеќе детали. Треба прво тоа, па дури потоа може да се каже дека заради тоа во следниот текст што ќе биде разгледано. }}} Методот кој ќе биде претставен во овој труд е надгледувано учење со помош на вештачки невронски мрежи. Вештачките невронски мрежи се компјутерски системи кои се инспирирани од природата и не претставуваат алгоритам туку рамка по која алгоритмите за машинско учење работат. Најпрво ќе дискутирам за рекурентни невронски мрежи, а потоа за посебен тип на рекуренти невронски мрежи наречен LSTM .