wiki:AGMFM - 4. Машинско учење

Version 3 (modified by Monika Rizova, 6 years ago) ( diff )

4. Машинско учење

Способноста на компјутерот да учи, без да биде експлицитно програмиран за тоа, е овозможена со област од вештачката интелигенција наречена машинско учење. Машинското учење ги проучува податоците со помош на алгоритми кои што можат да учат а потоа прави предвидувања за нови податоци. Тие предвидувања се прават врз основа на научен модел, кој е трениран на одредени податоци (примероци). Примени на машинско учење можеме да видеме во проблеми кои решаваат класифицирање на податоци, групирање, регресија и сл. Практично машинското учење е имплементирано и се користи во:

  • Компјутерска визија
  • Податочно рударење
  • Машинско преведување
  • Препознавање на шеми
  • Биомедицинска информатика
  • Пребарувачи
  • Музика,

и во многу други области и подгранки на овие области. Постојат повеќе методи за машинско учење. Некои од нив се: надгледувано учење, ненадгледувано учење, делумно-надгледувано учење, намалување на димензионалноста и др. Методот кој ќе биде претставен во овој труд е надгледувано учење со помош на вештачки невронски мрежи. Вештачките невронски мрежи се компјутерски системи кои се инспирирани од природата и не претставуваат алгоритам туку рамка по која алгоритмите за машинско учење работат. Најпрво ќе дискутирам за рекурентни невронски мрежи, а потоа за посебен тип на рекуренти невронски мрежи наречен LSTM .

Note: See TracWiki for help on using the wiki.