**4.3. Постоечки решенија за генерирање музика со LSTM невронски мрежи** ** !DeepJazz - https://deepjazz.io/** Сл. 23. Лого на програмата Deepjazz !DeepJazz e компјутерска програма за длабоко учење и генерирање на џез музика со помош на Keras и Theano - библиотеки за длабоко учење. Програмата се состои од дво-слоен модел на LSTM мрежи, а учи од еден музички документ во MIDI формат. Создадена е од Ji-Sung Kim, член на одделот за компјутерска наука на Принстон универзитетот, на компјутерски хакатон. **!BachBot - http://bachbot.com/#/?_k=lwnk0l** BachBot е истражувачки проект за креативноста на компјутерот. Користи LSTM мрежи за создавање на Bach композиции. На веб страната на BachBot наведена погоре имаме предизвик тест дали можеме да откриеме кое дело е создадено оригинално од Бах, а кое е производ на програмата BachBot. Резултантата мелодија оваа програма ја генерира во musicXML формат. Сл. 24. Лого на BachBot на веб сервисот soundcloud.com A.I. Duet - https://experiments.withgoogle.com/ai/ai-duet/view/ A.I.Duet е создаден од Yotham Mann и неговите пријатели, како експеритент на Гугл во вештачката интелигенција, а е создаден со помош на Magenta. Создаден е со машинско учење и LSTM невронски мрежи. Овој експеримент можеме да го видеме на страната на А.I.Duet. На почетен екран има копче Play кое не носи на екран со виртуелно пиано на кое можеме да свиреме ноти преку влез на тастатура или преку глувче, а потоа врз основа на нашиот влез, компјутерот отсвирува придружна мелодија, односно имаме музички дует со него. Сл. 16 Кориснички интерфејс на A.I.Duet Сл. 17 Тестирање на A.I.Duet A.I. Duet ги користи библиотеките Tensorflow и Tone.js.