**4.3. Постоечки решенија за генерирање музика со LSTM невронски мрежи** ** !DeepJazz - https://deepjazz.io/** [[Image(901989da-424f-11e6-9f54-6a04199e69f5.png​)]] **Сл. 23.** Лого на програмата Deepjazz !DeepJazz e компјутерска програма за длабоко учење и генерирање на џез музика со помош на Keras и Theano - библиотеки за длабоко учење. Програмата се состои од дво-слоен модел на LSTM мрежи, а учи од еден музички документ во MIDI формат. Создадена е од Ji-Sung Kim, член на одделот за компјутерска наука на Принстон универзитетот, на компјутерски хакатон. **!BachBot - http://bachbot.com/#/?_k=lwnk0l** !BachBot е истражувачки проект за креативноста на компјутерот. Користи LSTM мрежи за создавање на Bach композиции. На веб страната на !BachBot наведена погоре имаме предизвик тест дали можеме да откриеме кое дело е создадено оригинално од Бах, а кое е производ на програмата !BachBot. Резултантата мелодија оваа програма ја генерира во musicXML формат. [[Image(bachbot.png)]] **Сл. 24.** Лого на !BachBot на веб сервисот soundcloud.com