Version 1 (modified by 6 years ago) ( diff ) | ,
---|
5. Развој на систем за автоматско генерирање на македонска народна мелодија
Во претходните поглавја беше дискутирано за машинско учење, рекурентни невронски мрежи и LSTM невронски мрежи, кои се потребни за да се имплементира системот за автоматско генерирање на Македонска народна мелодија. Во поглавје 5.1. ќе биде претставена методологијата која е користена, додека поглавје 5.2. го опишува користеното податочно множество. За да биде имплементиран системот беа користени сооедветна хардверска и софтверска конфигурација како што е опишано во 5.3. Имплементацијата на кодот е објаснета во 5.4., а тренирањето на кодот врз податочното множество беше извршено преку низа експерименти, за кои можат да се најдат податоци во 5.5. По добивањето на резултатите беше спроведен Тјутинг тест (5.6.).