{{{#!box type=todo Пред 5.1 треба некаков воведен текст што ќе стои под 5., на пример опис што сѐ ќе биде разгледувано низ глава 5 и врз основа на што од глава 4 (што од глава 4 е потребно како предуслов/информација) }}} **5.1. Пристап и методологија** {{{#!box type=todo Ваков параграф како првиот не припаѓа тука, туку или да се размести соодветно во воведните глави каде што напоменував дека треба објаснение што како и зошто е разгледувано, или пак треба да биде во некој вид заклучок на воведните глави. Треба да биде дополнет со список на сите алатки и техники кои се тестирани }}} Пред да започнам со креирањето на имплементација за автоматско генерирање на македонска народна мелодија, најпрво се запознав подлабоко со теоријата на музиката а потоа и со структурата на македонските народни песни. Направив истражување за веќе постоечките видови на имплементации за генерирање на различни видови на музика (класична, метал и сл.), а исто така и тестирав некои од нив за да ја оценам нивната креативност и успешност во креирањето на мелодија. Разгледувајќи ги разните имплементации забележав дека генерирањето музика со ситеми кои учат се покажува доста успешно, благодарение на посебен вид на рекурентни невронски мрежи наречени LSTM – или мрежи со долго-краткорочна меморија, затоа што добро се справуваат со временски податоци (како што е музиката), и затоа што се решение на проблемот со исчезнување на градиент, па оттаму и идејата за имплементација на систем за генерирање м. народна мелодија со системи за учење. {{{#!box type=todo Мислам дека тука треба прво да се напише и опише накратко методологијата која сега е на крај. Каква е и зошто е таква. Да се излистаат чекорите, а потоа за секој од чекорите да се напише кои техники и алатки се користени. }}} {{{#!box type=todo Следниот параграф се однесува на дел од чекорите во методологијата, па соодветно треба да биде после тоа. Исто параграфот е малку мешан, бидејќи меша методи, техники и алатки. Прво треба да се разграничи кој метод, па која техника, па која алатка. метод и конкретен софтвер. Треба да се продискутира методот (врз основа на што се базира софтверот) и што е специфично или различно тука во врска со тој метод. Тука ако стои опис на методологијата, не се битни сите детали, туку само попис, а потоа во соодветни поглавја да се образложи како тој метод е применет (во соодветно поглавје) или како тој софтвер е применет (во соодветно поглавје). }}} Имплементацијата прикажана во рамките на овој труд е креирана врз основа на тутотијал за креирање на музика со користење на LSTM и Keras, и претставува адаптација на кодот достапен на https://github.com/Skuldur/Classical-Piano-Composer, за генерирање на класични дела, во код за генерирање македонска народна мелодија, преку тестирање на разни параметри за моделот на невронската мрежа, менување на бројот на епохи за тренирање на моделот, менување на должината на низите кои ќе бидат користени за предвидување на следна нота во резултантната мелодија и користење на CuDNNLSTM слој во архитектурата на мрежата наместо LSTM слој. {{{#!box type=todo Следното не припаѓа тука, за во имплементација. }}} Туторијалот е достапен овде: https://towardsdatascience.com/how-to-generate-music-using-a-lstm-neural-network-in-keras-68786834d4c5. {{{#!box type=todo Како што реков, следното треба најгоре некаде. }}} Методологијата за креирање на систем за автоматско генерирање на македонска народна мелодија, која јас ја користев е опишана во следниве чекори: 1. Увезување на податоците и нивно анализирање 2. Креирање на модел за учење 3. Тренирање на моделот врз увезените податоци 4. Евалуирање на ефикасноста на моделот 5. Предвидување врз основа на тренираниот модел, односно генерирање мелодија 6. Извезување на генерираната мелодија во формат кој може да се слушне