**5.2. Податоци** Базата на податоци користена за тренирање на моделот се состои 50 Македонски народни песни.Песните се селектирани од поголема база од 500 Македонски народни песни, која ја создадов со помош на конвертирање на нивните нотни записи од .pdf формат во MIDI формат, со помош на апликација наречена: **PDFtoMusicPro**. Оваа апликација нуди со едноставна опција конверзија од .pdf во миди формат, а при тоа исто така имаме и опција да го експортираме и вокалот, но за целите на оваа дипломска беше користен само еден инструмент и само првата страна од нотните записи на песните, што значи во просек по две минути трае секој музички документ на Македонска народна песна кој беше конвертиран. После конвертирањето најпрво ги преслушував конвертираните песни за да проценам дали е добиена квалитетна конверзија, со проверување на темпото, ритамот и целосната структура, како и тоа дали е коректно на звук. Изгледот на апликацијата можеме да го видеме на сл. 26. Процесот на експортирање беше следниот: Најпрво се отвара песната во .pdf формат во PDFtoMusicPro. На почетен екран имаме опција да го преслушаме нотниот запис, да го промениме темпото, да го исклучиме вокалот и повеќе опции за експорт во различни формати се достапни. Сл. 26 го опишува процесот на експортирање. Базата од нотни записи на 500 Македонски народни песни е добиена на следниот начин: дел од нотните записи се добиени од македонската веб страна: http://pelister.org/folklore/songs/ , друг дел се добиени од книгата: “150 great Macedonian folk song” , која може да се најде на следниот линк: https://www.scribd.com/doc/311932343/150-Great-Macedonian-Folk-Songs-Sheet-Music-with-Notes-Chords-and-Lyrics, а останатиот дел се од книгата: “Traditional Macedonian Folk Songs, Sheet Music With Lyrics” објавена од League of Macedonian Americans, а може да се најде на следната веб адреса: https://www.leagueofmacedonians.org/music. При експериментирањето на тренирање на модел, најпрво изведов тест тренирања со различен број на македонски народни песни,а од тоа заклучив дека системот може да учи со мала рата на загуба доколку бројот на епохи е поголем, а и дека поголем број на песни не значи дека се добиваат подобри резултати. Исто така поголем број на песни побарува поголеми пресметковни моќи на компјутерот, па затоа одлучив множеството за тренирање да се состои од 50 песни. Референца. Инаку за слики со екрани кога се ставаат треба и да се објасни што прикажува сликата. A сликава не покажува ништо посебно освен дека има Export опција, па не знам дали е од корист. Можеби информации за процесот на експортирање или изглед на екраните потоа би биле покорисни. }}} [[Image(pdf2m.png,40%)]] **Сл. 26** PDFtoMusicPro – апликација за анализа и конвертирање на формат на нотни записи