wiki:AGMFM - 5.2. Податоци

Version 5 (modified by Vangel V. Ajanovski, 6 years ago) ( diff )

5.2. Податоци

Се договаравме само за демо презентацијата да се користи помал примерок - за да може да се прикаже на лице место. Инаку ако се претворени сите песни во MIDI формат, нема причина зошто да не се искористи целата база за тренирање. Или ако има некоја објективна причина зошто не би се користела, треба да биде образложено.

Базата на податоци користена за тренирање на моделот се состои 50 Македонски народни песни.Песните се селектирани од поголема база од 500 Македонски народни песни, која ја создадов со помош на конвертирање на нивните нотни записи од .pdf формат во MIDI формат, со помош на апликација наречена: PDFtoMusicPro.

Мислам дека треба да се продискутира малку повеќе за самата конверзија од PDF во МIDI. Какви се искуствата со успешност, коректност и каква проверка на квалитет на конверзијата е направена.

Базата од нотни записи на 500 Македонски народни песни е добиена на следниот начин: дел од нотните записи се добиени од македонската веб страна: http://pelister.org/folklore/songs/ , друг дел се добиени од книгата: “150 great Macedonian folk song” , која може да се најде на следниот линк: https://www.scribd.com/doc/311932343/150-Great-Macedonian-Folk-Songs-Sheet-Music-with-Notes-Chords-and-Lyrics, а останатиот дел се од книгата: “Traditional Macedonian Folk Songs, Sheet Music With Lyrics” објавена од League of Macedonian Americans, а може да се најде на следната веб адреса: https://www.leagueofmacedonians.org/music.

Зошто по азбучен ред?

50 песни потоа се избрани по азбучен редослед на нивните наслови.

Референца. Инаку за слики со екрани кога се ставаат треба и да се објасни што прикажува сликата. A сликава не покажува ништо посебно освен дека има Export опција, па не знам дали е од корист. Можеби информации за процесот на експортирање или изглед на екраните потоа би биле покорисни.

Сл. 26 PDFtoMusicPro – апликација за анализа и конвертирање на формат на нотни записи

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.