Changes between Initial Version and Version 1 of AGMFM - 5.6. Тјурингов тест


Ignore:
Timestamp:
11/07/18 00:35:52 (6 years ago)
Author:
Monika Rizova
Comment:

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • AGMFM - 5.6. Тјурингов тест

    v1 v1  
     15.6. Тјурингов тест
     2
     3Во вештачката интелигенција постои метод на  испитување за утрвдување дали компјутерот е способен да размислува како човечко суштество. Овој тест е наречен Тјурингов тест, крстен по името на математичарот кој го измислил, Alan Turing . 
     4Музички Тјуринг тест кој ќе ја оцени креативноста на делата не постои, но ние можеме да изведеме Тјуринг тест со испитаници за тоа дали мелодијата која ќе ја слушнат ги потсетува на македонска народна мелодија и ако да, да оценат со скала од 1-5 за тоа колку ги потсетува, 1 значи ептен малку, додека 5 значи ептен многу.
     5На петмина испитаници, меѓу кои човек со музичко познавање и останатите слушатели на македнска народна музика, им беа презентирани две оригинални македонски народни песни и две алгоритамски генерирани македонски мелодии, а притоа не им беше кажано која е оригинална, а која е генерирана, по што тие требаа да одговорат на прашањето: “Дали мелодијата која ја слушнавте ве потсетува на македонска народна мелодија и ако да, на скала од 1 до 5, 1 -најлошо, како би ја оцениле?”. Резултатите од испитувањето на овој Тјуринг тест се претставени во табела бр.2, односно испитаниците одговориле на следниов начин:
     6
     7
     8Реден бр. на испитаник  Мелодија 1      Мелодија 2      Мелодија 3      Мелодија 4
     91       Да / 4  Да / 3  Да / 4  Да /5
     102       Да / 5  Не      Да / 4  Да / 5
     113       Да /5   Да / 5  Да / 4  Да / 5
     124       Да / 5  Да / 4  Да / 4  Да / 3
     135       Да / 5  Да / 4  Да / 5  Да / 4
     14
     15, каде мелодија 1 и мелодија 4 се оригинални македонски народни песни, а мелодија 2 и мелодија 3 се ново генерирани македонски народни песни. Резултатите се задоволителни, скоро сите испитаници сметаат дека ново генерираните песни потсетуваат на македонски народни песни и тоа со добра оцена.