Changes between Version 21 and Version 22 of AGMFM - 5.6. Тјурингов тест


Ignore:
Timestamp:
03/18/19 23:24:32 (6 years ago)
Author:
Monika Rizova
Comment:

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • AGMFM - 5.6. Тјурингов тест

    v21 v22  
    6868Од добиените резултати гледаме дека 3 испитаници ја препознале изворната мелодија, додека останатите 7 мислеле дека автоматски генерираните мелодии се човечки композиции, правејќи го изборот со високо ниво на сигурност, со оцени од 75-100% сигурност, односно оцени 4 и 5. Според ова повеќе од 50% неможеа да направат разлика помеѓу изворната и новокомпонираните мелодии, што значи резултатите се задоволителни, па системот е способен да генерира мелодии кои потсетуваат на македонски народни мелодии.
    6969
     70Од првата група на испитаници, која што беше составена од пет лица без претходно музичко знаење, четири од нив одговорија дека мелодиите генерирани од системот за автоматско генерирање на м. н. мелодија ги потсетуваат на м. н. мелодија создадена од човек, односно само на еден од нив изворната мелодија најмногу му наликувала на создадена од човек. Додека од петте испитаници со претходно музичко познавање, две лица ја одбрале изворната мелодија како мелодија која најмногу наликува дека е создадена од човек, а останатите тројца ги одбрале мелодиите генерирани од системот. Од ова можеме да изведеме дека повеќемина од одбраните испитаници не направиле разлика помеѓу делата создадени од човек и оние генерирани автоматски.
     71
     72Како негативност на пристапот може да се напомене дека би било подобро овој тест да биде изведен на поголема група на испитаници, а воедно и со поразновидна група на луѓе, и како таков би бил поверодостоен. Тестот се смета за успешен доколку поголем број од испитаниците не можат да направат разлика помеѓу оригиналните дела и делата создадени од компјутер, со што се претпоставува дека компјутерот има способност за креативност. Овој тест не е музички Тјуринг тест, па доколку во иднина тој биде создаден би можело да се провери подобро креативноста на создадените музички дела.
     73
    7074{{{#!box type="question"
    7175Мислам дека треба на крајот да се продискутираат негативностите на пристапот како критика. На пример - прашањето ги наведува да се суспектни. Па ако испитаниците препознаваат некои песни, а не препознаваат некои други песни веднаш ќе направат елиминација и тоа ќе влијае на исходот. Можеби има и други негативности или специфични ситуации кои се појавиле на лице место при испитувањето што треба да се документираат во насока на подобрување на идни тестови.