2 | 10 | |
3 | 11 | Во вештачката интелигенција постои метод на испитување за утрвдување дали компјутерот е способен да размислува како човечко суштество. Овој тест е наречен Тјурингов тест, крстен по името на математичарот кој го измислил, Alan Turing . |
4 | 12 | Музички Тјуринг тест кој ќе ја оцени креативноста на делата не постои, но ние можеме да изведеме Тјуринг тест со испитаници за тоа дали мелодијата која ќе ја слушнат ги потсетува на македонска народна мелодија и ако да, да оценат со скала од 1-5 за тоа колку ги потсетува, 1 значи ептен малку, додека 5 значи ептен многу. |
5 | 13 | На петмина испитаници, меѓу кои човек со музичко познавање и останатите слушатели на македнска народна музика, им беа презентирани две оригинални македонски народни песни и две алгоритамски генерирани македонски мелодии, а притоа не им беше кажано која е оригинална, а која е генерирана, по што тие требаа да одговорат на прашањето: “Дали мелодијата која ја слушнавте ве потсетува на македонска народна мелодија и ако да, на скала од 1 до 5, 1 -најлошо, како би ја оцениле?”. Резултатите од испитувањето на овој Тјуринг тест се претставени во табела бр.2, односно испитаниците одговориле на следниов начин: |