**5.6. Тјурингов тест** {{{#!box type=todo Ова сѐ треба да се напише малку поформално. Прво протокол за тестирање - значи да се опише околината каде се прави тестот, да се опише како се реализира тестот, чекор по чекор, да се опишат сите прашања, сите интеракции, можните одговори итн. На крај се опишуваат резултатите што се собрани и се дискутира. }}} {{{#!box type=todo Прашањето што е наведено не е од тип на прашање што би припаѓало во вакот тест бидејќи го наведува испитаникот. Турингов тест по дефиниција претпоставува дека испитаникот не знае за што се работи, па треба да препознае. Предлагам ова да се преработи, но за почеток би тргнал од листа на пример пракси кои ги користат други автори - каков точно протокол тие користат, какви прашања поставуват. }}} Во вештачката интелигенција постои метод на испитување за утрвдување дали компјутерот е способен да размислува како човечко суштество. Овој тест е наречен Тјурингов тест, крстен по името на математичарот кој го измислил, Alan Turing . Музички Тјуринг тест кој ќе ја оцени креативноста на делата не постои, но ние можеме да изведеме Тјуринг тест со испитаници за тоа дали мелодијата која ќе ја слушнат ги потсетува на македонска народна мелодија и ако да, да оценат со скала од 1-5 за тоа колку ги потсетува, 1 значи ептен малку, додека 5 значи ептен многу. На петмина испитаници, меѓу кои човек со музичко познавање и останатите слушатели на македнска народна музика, им беа презентирани две оригинални македонски народни песни и две алгоритамски генерирани македонски мелодии, а притоа не им беше кажано која е оригинална, а која е генерирана, по што тие требаа да одговорат на прашањето: “Дали мелодијата која ја слушнавте ве потсетува на македонска народна мелодија и ако да, на скала од 1 до 5, 1 -најлошо, како би ја оцениле?”. Резултатите од испитувањето на овој Тјуринг тест се претставени во табела бр.2, односно испитаниците одговориле на следниов начин: [[Image(rez.png)]] **Табела 2** Резултати од спроведениот “музички Тјуринг тест’ со петмина испитаници , каде мелодија 1 и мелодија 4 се оригинални македонски народни песни, а мелодија 2 и мелодија 3 се ново генерирани македонски народни песни. Резултатите се задоволителни, скоро сите испитаници сметаат дека ново генерираните песни потсетуваат на македонски народни песни и тоа со добра оцена.