**5.6. Тјурингов тест** {{{#!box type=todo Ова сѐ треба да се напише малку поформално. Прво протокол за тестирање - значи да се опише околината каде се прави тестот, да се опише како се реализира тестот, чекор по чекор, да се опишат сите прашања, сите интеракции, можните одговори итн. На крај се опишуваат резултатите што се собрани и се дискутира. }}} {{{#!box type=todo Прашањето што е наведено не е од тип на прашање што би припаѓало во вакот тест бидејќи го наведува испитаникот. Турингов тест по дефиниција претпоставува дека испитаникот не знае за што се работи, па треба да препознае. Предлагам ова да се преработи, но за почеток би тргнал од листа на пример пракси кои ги користат други автори - каков точно протокол тие користат, какви прашања поставуват. }}} Во вештачката интелигенција постои метод на испитување за утрвдување дали компјутерот е способен да размислува како човечко суштество. Овој тест е наречен Тјурингов тест, крстен по името на математичарот кој го измислил, Alan Turing . Тјуринговиот тест во неговата оригинална формулација претпоставува дека луѓето имаат ум, а природниот јазик е добра и доволна репрезентација за нивниот ум. Во овој тест се испитуваат и компјутерот и човекот, а компјутерот се смета за интелигентен доколку човековиот испитувач не може да направи разлика помеѓу нив. Креативноста на компјутерот е подкатегорија на вештачката интелигенција, во која истражувачите преку имплементирање на програми за моделирање на креативноста автономно создаваат нови дела, кои се од вредност за подобрување на човековата креативност. Музички Тјуринг тест кој ќе ја оцени креативноста на делата не постои, но постојат предложени “музички Тјуринг тестови”, како на пример предложениот во следниов труд: Toward a musical Turing test for automatic music performance - Antonio Rodà , Emery Schubert , Giovanni De Poli , and Sergio Canazza. За да ја оценам креативноста на добиените мелодии од системот за автоматско генерирање на м. н. мел- Одија како урнек ќе го користам Тјуринг тестот предложен во претходно споменатиот труд. Тјуринг тестот беше спроведен на следниот начин: • Избор на петмина испитаници без музичко познавање и петмина со музичко познавање, значи 10 испитаници поделени во две групи, група А и група Б, при што испитаниците не знаеја дека се поделени во групи. • Експериментот се изведуваше во домашни услови • На секој испитаник му беше доделен прашалник во писмена форма, со две прашања, дискутирани подоле • Двете групи добија различна верзија од прашалникот, односно на првата група во прашалникот стоеше дека треба да слушнат 5 мелодии, од кои една е изворна м. н. песна, а другите компјутерски генерирани мелодии, додека на втората група стоеше дека треба да слушнат 5 мелодии, од кои сите се компјутерски генерирани мелодии. • Од испитаниците потоа беше побарано да ја одберат мелодијата која најмногу звучи дека е човечка композиција, со одговарање на следното прашање: **Пр. 1. “Која мелодија најмногу наликува на човечка?”** o Мелодија 1 – mel-01.mid o Мелодија 2 - mel-02.mid o Мелодија 3 – mel-03.mid o Мелодија 4 – mel-04.mid o Мелодија 5 – mel-05.mid Изворна м.н. песна е mel-03.mid, додека останатите мелодии се резултат на системот за автоматско генерирање на м.н. мелодија. • Oткако одговорија на ова прашање требаше да го оценат нивото на сигурност при неговото одговарање, односно да одговорат на прашањето: **Пр. 2. “Колку сте сигурни во вашиот одговор на претходното прашање?”** , со скала на одговори од 1 до 5, каде 1 означува **“воопшто не сум сигурен/на”**, а 5 означува “**сигурен/на сум 100%**” Резултатите од прашањата се претставени во **табела бр.2**, односно испитаниците одговориле на следниов начин: ||= Table Header =|| Cell || **Табела 2.** Резултати од спроведениот “музички Тјуринг тест’ со десетмина испитаници