6. Заклучок Во овој труд беше истражен процесот на автоматско генерирање на македонска народна мелодија и беше покажано дека можат да се создадат новокомпонирани македонски народни мелодии со помош на рекурентни невронски мрежи, односно со р.н.м. со долго-краткорочна меморија. Резултатите се задоволителни, мелодиите се пријатни на звук и според спроведениот Тјуринг тест потсетуваат на македонски народни мелодии.