Најпогоден модел за нашиот проект за Нарачки на производи ке го земеме објектниот модел кои се базира на стилот на објектно ориентирана декомпозиција. Овој модел ке го искористиме токму заради тоа што проектот се состои од објектни класи, кои содржат соодветни атрибути и различни методи за извршување на операциите, потребни за да се задоволат потребите на корисниците на овој систем. Овој проект за Нарачки според функционалностите и барањата што ги содржи прикажани во поголем дел преку сценаријата на use case-ovite, може да се организира во одделни класи на дистрибутери, каталози, компанија, клиенти, како и класи за групите на дистрибутери вип, стандард, почетник, и во секој од нив се креираат атрибути т.е. променливи од различни типови потребни за методите во класите кои извшуваат потребни операции, пример како нарачка или продажба на производи, достава на каталозите до клиентите. Затоа решението за ваквата структура на овој систем ке го правиме со помош на објектниот модел. Со овој модел при имплементација се креираат објекти од овие класи и со методите се кординира управување на операциите со објектите. Една од предностите е што објектите од овој модел на објектна декомпозиција може да се одразат и прикажат во реалните системи.