= Визија = == 1. Вовед == Целта на оваа веб апликација е да им се овозможи платформа на корисниците преку која ќе можат полесно да се држат до нивните нутритивни цели. Веб апликацијата нуди можности за додавање на рецепти, како и пребарување и филтрирање на рецепти поставени од други корисници врз основа на макронутриенти - како што се протеини, масти, јагелхидрати и калории. Дополнително, постои и опција за прикажување на оброци од некои угостителски објекти кои што се транспарентни во однос на составот и нутритивната вредност на нивната храна. == 2. Позиционирање == === 2.1 Дефиниција на проблем === ||= '''Проблем''' =|| Недостаток на платформа за лесно пребарување и споредување на јадења според нутритивни вредности || ||= '''Засегнати страни''' =|| Лица кои што имаат било какви диетални цели || ||= '''Последици''' =|| Потешкотии во наоѓање соодветна храна, ограничен и монотон избор, губење време во рачно пресметување на вредности || ||= '''Решение''' =|| Платформа каде можеш да откриеш, споредиш и споделиш оброци според нутритивни вредности || === 2.2 Позиција на пазарот === ||= '''За''' =|| луѓе што внимаваат на исхраната || ||= '''Кои''' =|| немаат идеја за оброк кој е во согласност со нивната исхрана || ||= '''Нашиот производ''' =|| е веб апликација за пребарување и споделување на рецепти || ||= '''Овозможува''' =|| филтрирање според нутритивни вредности =|| ||= '''За разлика од''' =|| стандардни апликации за рецепти || ||= '''Нуди''' =|| детално нутритивно филтрирање, оброци од различни извори (корисници, угостителски објекти) и можност за споредување и анализа на нивните макронутриенти || == 3. Опис на засегнатите страни == === 3.1 Преглед === ||= '''Засегната страна''' =||= '''Опис''' =||= '''Одговорности''' =|| ||= '''Корисник''' =|| Краен корисник на апликацијата || Пребарување, креирање оброци, внесување рецепти || ||= '''Угостителски објект''' =|| Ресторани/угостителски објекти || Овозможување достапност до информации за јадења и нивните нутритивни вредности || ||= '''Развивачи''' =|| Тим за развој || Развој и одржување на системот || ||= '''Администратор''' =|| Одобрувач на рецепти || Преглед и верификација на рецепти од корисници || === 3.2 Корисничка околина === Корисниците пребаруваат, додаваат, ажурираат рецепти. Администраторите одобруваат внес и ажурирање на рецепти. Апликацијата ќе биде достапна преку веб прелистувач на мобилен, таблет или компјутер. Интерфејсот ќе биде интуитивен и прилагоден за лесно пребарување и навигација. == 4. Преглед на производот == === 4.1 Потреби и карактеристики === ||= '''Функционалност''' =||= '''Приоритет''' =||= '''Опис''' =|| ||= Регистрација и Најава =||= Висок =|| Email логин и регистрација || ||= Пребарување по нутритивни вредности =||= Висок =|| Филтрирање според протеини, масти, јаглехидрати, калории || ||= Внес на рецепти =||= Висок =|| Корисниците можат да додаваат свои рецепти со нутритивни вредности || ||= Модерација на рецепти =||= Висок =|| Одобрување и проверка на кориснички рецепти пред јавно објавување || ||= Преглед на јадења од угостителски објекти =||= Среден =|| Приказ на достапни јадења од различни угостителски објекти || ||= Омилени рецепти =||= Среден =|| Преглед на омилени рецепти || ||= Оценка на рецепти =||= Среден =|| Внесување на оценка за одреден рецепт || ||= Неделно мени =||= Среден =|| Автоматско генерирање на неделно мени според избрани опции || == 5. Други барања == ||= '''Барање''' =||= '''Приоритет''' =|| ||= Уред што може да пристапи до Интернет =||= Висок =|| ||= Пристап до Интернет =||= Висок =|| ||= Веб прелистувач =||= Висок =||