= Визија = == 1. Вовед == Целта на оваа веб апликација е да им се овозможи платформа на корисниците преку која ќе можат полесно да се држат до нивните нутритивни цели. Веб апликацијата нуди можности за додавање на рецепти, како и пребарување и филтрирање на рецепти поставени од други корисници врз основа на макронутриенти - како што се протеини, масти, јагелхидрати и калории. Дополнително, постои и опција за прикажување на оброци од некои угостителски објекти кои што се транспарентни во однос на составот и нутритивната вредност на нивната храна. == 2. Позиционирање == === 2.1 Дефиниција на проблем === ||= '''Проблем''' =||= Недостаток на платформа за лесно пребарување и споредување на јадења според нутритивни вредности =|| ||= '''Засегнати страни''' =||= Лица кои што имаат било какви диетални цели =|| ||= '''Последици''' =||= Потешкотии во наоѓање соодветна храна, ограничен и монотон избор, губење време во рачно пресметување на вредности =|| ||= '''Решение''' =||= Платформа каде можеш да откриеш, споредиш и споделиш оброци според нутритивни вредности =|| === 2.2 Позиција на пазарот === ||= '''За''' =||= луѓе што внимаваат на исхраната =|| ||= '''Кои''' =||= немаат идеја за оброк кој е во согласност со нивната исхрана =|| ||= '''Нашиот производ''' =||= е веб апликација за пребарување и споделување на рецепти =|| ||= '''Овозможува''' =||= филтрирање според нутритивни вредности =|| ||= '''За разлика од''' =||= стандардни апликации за рецепти =|| ||= '''Нуди''' =||= детално нутритивно филтрирање, оброци од различни извори (корисници, угостителски објекти) и можност за споредување и анализа на нивните макронутриенти =|| == 3. Опис на засегнатите страни == === 3.1 Преглед === ||= '''Засегната страна''' =||= '''Опис''' =||= '''Одговорности''' =|| ||= '''Корисник''' =||= Краен корисник на апликацијата =||= Пребарување, креирање оброци, внесување рецепти =|| ||= '''Угостителски објект''' =||= Ресторани/угостителски објекти =||= Овозможување достапност до информации за јадења и нивните нутритивни вредности =|| ||= '''Развивачи''' =||= Тим за развој =||= Развој и одржување на системот =|| ||= '''Администратор''' =||= Одобрувач на рецепти =||= Преглед и верификација на рецепти од корисници =|| === 3.2 Корисничка околина === Корисниците пребаруваат, додаваат, ажурираат рецепти. Администраторите одобруваат внес и ажурирање на рецепти. Апликацијата ќе биде достапна преку веб прелистувач на мобилен, таблет или компјутер. Интерфејсот ќе биде интуитивен и прилагоден за лесно пребарување и навигација. == 4. Преглед на производот == === 4.1 Потреби и карактеристики === ||= '''Функционалност''' =||= '''Приоритет''' =||= '''Опис''' =|| ||= Регистрација и Најава =||= Висок =||= Email логин и регистрација =|| ||= Пребарување по нутритивни вредности =||= Висок =||= Филтрирање според протеини, масти, јаглехидрати, калории =|| ||= Внес на рецепти =||= Висок =||= Корисниците можат да додаваат свои рецепти со нутритивни вредности =|| ||= Модерација на рецепти =||= Висок =||= Одобрување и проверка на кориснички рецепти пред јавно објавување =|| ||= Преглед на јадења од угостителски објекти =||= Среден =||= Приказ на достапни јадења од различни угостителски објекти =|| ||= Омилени рецепти =||= Среден =||= Преглед на омилени рецепти =|| ||= Оценка на рецепти =||= Среден =||= Внесување на оценка за одреден рецепт =|| ||= Неделно мени =||= Среден =||= Автоматско генерирање на неделно мени според избрани опции =|| == 5. Други барања == ||= '''Барање''' =||= '''Приоритет''' =|| ||= Уред што може да пристапи до Интернет =||= Висок =|| ||= Пристап до Интернет =||= Висок =|| ||= Веб прелистувач =||= Висок =||